19 Април, 2024
0.0263

БЕСПЛАТЕН РУЧЕК ВО ЕКОНОМИЈАТА НЕМА, ДАНОЧНИТЕ ПРОМЕНИ НЕ ГО ОПФАЌААТ ЕКСТРА ПРОФИТОТ, што друго ќе донесат најавените измени

Објавено во: Финансии 10 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Силна бура од реакции уследи во јавноста по најавата дека ќе се менува даночниот систем во земјава. Сосема очекувано, кога се даноците во прашање, многубројни реакции за намерата на надлежните да воведат даноци на сегменти кои досега не биле даночени, но и за најавите за можно враќање на прогресивниот данок. Како ќе се одразат овие планови или намери врз компаниите и граѓани, и какви ефекти може да предизвикаат измените на даночниот систем за читателите на Фактор појаснува даночниот експерт Павле Гацов.

Обид за воведување прогресивен данок имавме пред неколку години, кој беше дочекан со многуборојни бурни реакции и кој по само неколку месеци беше одложен. Иако согласно тогашните изјави на надлежните прогресивното даночење требаше да започне од следната година, сепак, се уште не е јасно дали тоа ќе се случи, и дали конечно Македонија ќе го напушти долгогодишниот систем на рамни даноци. 

Нискиот и рамен данок заедно со сет на мерки за опфат на сите економски субјекти во легалниот даночен систем е корисен концепт во борбата против сивата економија, потоа за прилив на странски директни инвестиции, и алатка за поддршка на финансиските можности на економски субјекти (компании и граѓани). Ниските даноци и 10 годишните даночни ослободувања беа главната причина за доаѓање на странските директни инвестиции во македонските ТИРЗ-ови. По истекот на 10 годишното ослободување, овие компании почнаа да плаќаат данок на доход и данок на добивка на стандарден начин како и домашните компании и тие се сега фактор на засилување на приходната страна на македонскиот буџет. Во рамките на силната конкуренција меѓу земјите од Западен Балкан за привлекување на странски директни инвестиции, очигледно беше дека ниските даноци се конкурентска предност. Привлекувањето на странските инвеститори со правна држава која функционира, дигитализирана државна управа и сл. алатки на модерните западни општества не се наша конкурентска предност, тоа не е ниту образованието, енергетиката, инфраструктурата и екологијата, а веќе ниту претходно бројната работна сила која би работела за ниски плати - вели Павле Гацов. 

Тој посочува дека ова се дел од причините поради кои мора многу внимателно да се креираат новите даночни политики и евентуалното воведување (враќање) на прогресивното оданочување или било какво неаргументирано даночно оптоварување, имајќи го предвид, актуелниот тајминг линкуван со силината и очигледната долготрајност на политичката, економската, енергетската и здравствената криза, потоа со инфлацијата која ги поништи сите номинални стапки на раст, како патерн за преживување на македонските компании, но и влошувањето на животниот стандард на граѓаните кои најмалку сега очекуваат дополнителни зафаќања од страна на државата во замена за помош и поддршка што ја очекуваа.

Гацов дополнува дека од овие причини евенталното активирање на прогресивното оданочување од 2023 година ќе носи висока политичка цена за актуелните избрани политички претставници.

- Најавата за проширување на даночната основица, односно најавеното намалување и укинување на даночните ослободувања ќе ја зголеми ефективната даночна стапка и даночниот товар на деловните субјекти од формалната економија кои и досега плаќаа даноци, за сметка на субјектите од неформалната економија кои ќе продолжат да бидат најгласни во критикувањето на неефикасната држава без да учествуваат во финансирањето на јавните услуги кои заеднички ги користиме. Затоа за целите на алиментирање на буџетските приходи и задоволување на зголемените буџетски расходи е потребно зафаќање од неформалната економија која ги ужива сите привилегии на јавните услуги обезбедени од страна на државата и на товар на централниот буџет, а притоа не плаќа за нив. Само оние што ги плаќаат сите јавни давачки го знаат нивното влијание врз профитабилноста на работењето. Државата ја толерира појавата за иста правна (даночна) работа, различни субјекти различно да бидат третирани, едните да плаќаат, другите не, а притоа сите заедно да ги уживаат придобивките обезбедени на товар на прибраните приходи од страна само на регистрираните даночни обврзници кои уредно и редовно си ги плаќаат своите даночни обврски - објаснува Гацов. 

Нашиот соговорник вели дека наместо зголемувањето на даночниот товар, потребни се мерки за брзо истиснување на готовината од оптек, засилување на контролите на терен заради работењето на црно, неиздавање на фискални сметки и сл., потоа мерка за регистрација на нерегистрираните субјекти од неформалната економија, со давање на грејс период за неплаќање на давачките, како и обезбедување на механизам за поедноставување на сите процеси за нив кои се поврзани со државата. 

Според него креаторите на фискалните политики, токму во „проектот за побелување на сивата економија“ можат да користат голем број на креативни и пријателски мерки и алатки насочени кон овие субјекти, заедно со објаснувањата на огромната предност и привилегија да се работи во фрмалната економија и да се користат сите привилегии и можности што таа ги нуди. 

- Најавеното укинување на даночното намалување за износот на реинвестираната добивка од претходната година мерка што масовно се користеше од страна на обврзниците на данокот на добивка е во контрадикција со напорите на државата поединечно да ги стимулира деловните субјекти за направените инвестиции во нова опрема, деловен простор, софтвер и слични инвестициони набавки. Имено, не е приоритет само инвестирањето во енергетиката и поставувањето на фотопанели заради енергетската криза, постојаното обновување на опремата и софтверот е веќе прашање на деловен опстанок и бара високи финансиски средства за реализација на набавките. Затоа најавата за укинување на ваквото даночно ослободување ќе влијае на конкурентските предности на иновативните и производствените македонски компании кои и без тоа тешко се борат со силната конкурецнција и заостануваат во таа секојдневна борба на пазарот со компаниите од соседството и западните земји. Исто така не е логична мерка, најавеното оданочување на микро економските субјекти со 1 отсто данок на вкупен приход до 3 милиони денари. Овие субјекти веќе десетина година не плаќаат данок ако годишниот приход им е помал од 3 милиони денари - објаснува Гацов. 

Тој се осврна и на најавеното оданочување со данок на доход на каматите што ги остваруваат граѓаните од орочени депозити во услови на негативни реални каматни стапки, што според него е исто така нелогично - највисоката каматна стапка на депозит орочен на среден рок не надминуваат 2 отсто годишно, додека инфлацијата веќе надмина 16 проценти на годишно ниво. 

- Ваквата загуба во супстанца која се калкулира како разлика меѓу приносот од камати и изгубената вредност на парите предизвикана од порастот на инфацијата (не постои остварување на релен доход) не смее да биде предмет на дополнително оданочување, во спротивно мерката дополнително ќе го демотивира штедењето. Се чини дека и овој пат заради заштита на бизнис интереси, фискусот пропушта да го оданочи екстра профитот што во услови на криза го остваруваат некои сектори/субјекти. Ова фискалните авторитети не го споменуваат ниту како оција - потенцира Гацов.

Даночниот експерт дополнува дека зголемувањето на даночниот товар секогаш носи ризик од зголемување на даночната евазија и додава дека е потребно секогаш вакви мерки да се проследени и со мерки со кои ќе се намали сивата економија и ќе се остварат заштеди на расходаната страна на буџетот на Македонија. Според него, ако не се спроведат на ваков начин, тогаш победници во новите правила нема да има, напротив.

- Да не заборавиме, бесплатен ручек во економијата нема, имено она што се потроши во изминатите две години како поддршка на бизнисот и граѓаните, а се разбира дека не произлегуваше од зголемените приходи во буџетот и растот на економијата, туку од заеми земени на домашниот финансиски пазар и преку еврообврзница, сега доаѓа за наплата, и од плаќањето на сметката за ручекот бегање нема. За жал наплатата, доаѓа во услови кога новото задолжување на надворешните финансиски пазари (домашните финансии засега се користат умерено и се чуваат заради оптимални задолжувањето на домашните економски субјекти) е неоправдано, заради високите трошоци (камати) - заклучува Гацов.

Фактор пред неколку дена објави дека Министерството за финансии ќе почне „процес на сеопфатни даночни реформи е во насока на обезбедување праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем што ќе се темели на современи дигитални технологии и иновации во оданочувањето, а во функција на постигнување забрзан, инклузивен и одржлив економски раст“.

Петранка Огнаноска

Фото: Фактор

Можеби ќе ве интересира

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации