17 Декември, 2025
0.0412

Беспарица за тендери, државата купува само гас и електрична енергија

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Откако Владата го стегна ременот и донесе мерки на штедење во услови на голема економска криза која што се продлабочи со војната во Украина од средината на март, најголемите договори за јавни набавки се од сферата на енергетиката. Големи тендери за инвестиции и други трошења од 15 март па наваму се ретко забележливи во системот за јавни набавки, а најчесто доминираат суми од 1 до 10 милиони денари.

Со антикризните мерки за рационализација на трошоци во јавниот сектор, сите буџетски корисници беа задолжени да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10 отсто и да достават соодветен предлог за рационализација на трошоците до Министерството за финансии.

Најголемата набавка во овој период е на Министерството за здравство, кој на 3 јуни во услови на големо поскапување на природниот гас, врши набавка на овој енергенс за потребите на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во вредност од 216 милиони денари, или 3,53 милиони евра.

И останатите поголеми тендери во последните три месеци се од полето на енергетиката, односно за набавка на електрична енергија, чии суми се значително повисоки. Министерството за одбрана со ЕДС склучило договор од 3 милиони евра во втората половина од март, додека ЈП Железници - инфраструктура на 21 јуни има постигнато договор со снабдувачот Мист Енерџи за 2,3 милиони евра.

„Енергетската низа“ ја прекинува Општина Кисела Вода со рамковна спогодба за реконструкција и изградба на улици и патишта со три градежни компании за 2 милиони евра, а МВР на 27 април купува електрична енергија од ЕСМ продажба за 1,85 милиони евра.

Клиничкиот центар за 112 милиони денари го набавил неопходниот кислород од кој редовно има потреба, додека Министерството за информатичко општество и администрација на крајот на март со Неоком склучил договор од 70 милиони денари за платформа за хостирање на системите. Понатаму во април две локални јавни претпријатија „Исар“ од Штип и „Водовод“ од Охрид вршат набавка на електрична енергија од околу милион евра од Мист Енерџи и ЕДС. Над милион евра во овој период бил и тендерот на Управата за хидрометеоролошки работи за авионско засејување на облаците за сума од 65 милиони денаери.

Со мерките Владата забрани набавка на мебел и возила, буџетските корисници за 50 отсто требаше да ги намалат расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користењето на службените возила.

„Сите буџетски корисници добија задолжение да го намалат бројот на службени патувања и значително да се намали бројот на членови на делегации при патувања во странство.Владата ги задолжи јавните претпријатија и АД во државна сопственост да ги намалат тековните расходи за 15 проценти, информираше Владата. Им се препорачуваше и на регулаторните тела, единиците на локалната самоуправа, локалните јавни претпријатија и останатите установи кои се под надлежност на општините, да ги почитуваат мерките и да преземат активности за рационализација на нивните расходи.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими најаво не само штедење, туку и можно задолжување со еврообврзница. Одлуката за штедење во економска криза нема да ги опфати само министрите, туку кон неа треба да се придржуваат и градоначалници, директори на државни институции и други.  Паралено со препораките за штедење, на сила се и мерки за рационално користење на службените возила и картичките за репрезентации. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди