18 Декември, 2025
0.0633

БЕСИМИ КАЖА ЗОШТО НА ВЛАДАТА И БИЛ ПОТРЕБЕН КРЕДИТОТ ОД 50 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ШПАРКАСЕ - ќе се премостува времето до поевтина еврообврзница

Објавено во: Финансии 30 Август, 2022 16:26

Добивај вести на Viber

Министерот Фатмир Бесими денеска објасни зошто Владата зема краткорочен кредит од Шпаркасе банка на износ од 50 милиони евра, за кој уште утрово ексклузивно објави Фактор. 

Имено, од потребните 900 милиони евра за покривање на буџетскиот дефицит годинава, Владата на овој начин успева да обезбеди 50 милиони евра. Бесими потврди дека е земен кредит во вредност од 50 милиони евра од Шпаркасе банка, со камата од 2,2 отсто. Според првиот финансиер, условите за издавање еврообврзница сега не се поволни поради високите камати. Состојбата ќе се следи до крајот на годината, а дотогаш ќе се бараат други начини за да се обезбедат потребните пари.

„Кредитот е земен за премостување на периодот до издавање на еврообврзница, бидејќи каматите во моментов се многу високи, 7,5 отсто беа во мај и јуни. Сега е 6 отсто каматата, но чекаме поволен период за да ја издадеме“, вели Бесими.

Според Бесими, Владата работела да обезбеди поповолни услови. 

„Ова го работиме  неколку месеци и  така дојдовме до овие 50 милиони. Ова задолжување се  користи за буџетски тековни трошоци.  Парите ние ги земаме во трезори и ние сега гледаме каква ни е позицијата на расходна страна“, рече Бесими.

Владата ќе го отплаќа овој кредит 12 месеци. Спроед првиот човек на финансии ваквиот начин на краткорочно задолжување може да се случува и до крајот на годината, ако не се создадат поволни услови за ееврообврзница.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска