„БЕШЕ ПОСЕБНА, ТЕ САКАМ КИРСТИ“: Џон Траволта се прости од актерката која не се избори со ракот
Објавено во: Свет 06 Декември, 2022 10:19
Американската актерка Кирсти Али, двократна добитничка на
Еми, почина на 71-годишна возраст по кратка битка со ракот, соопшти нејзиното
семејство.
Најпозната е по улогата во хумористичната серија „Кафуле наздравје“ од 80-тите и 90-тите години.
„Со тага ве известуваме дека нашата неверојатна, бестрашна и сакана мајка почина“, напишаа нејзините деца.
Ели доби Еми награда за улогата на сопственичка на паб во популарната серија, а глуми во Star Trek II, The Wrath of Khan, Die Beautiful и Look Who's Talking.
Во соопштението на семејството не е наведено од каков вид на рак боледувала актерката, но се нагласува дека „тај неодамна е откриен“.
Беше опкружена со најблиското семејство, се бореше до крај, а ни ја остави својата бескрајна радост на живеење и авантура“, се вели во соопштението на семејството.
Џон Траволта, кој глумеше со неа во „Погледни кој зборува“, и оддаде почит на социјалните мрежи.
„Имав една од најпосебните врски со Кирсти. Те сакам Кирсти“, Знаме дека че се видиме повторно, напиша тој на својот профил на Инстаграм.
ФОТО: Instagram
Можеби ќе ве интересира
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




