14 Декември, 2025
0.0366

БЕРЗАТА СВЕТНА ВО СИЛНА ЦРВЕНА БОЈА, НЕКОЛКУ ДЕНА ПАД НА ЦЕНИТЕ - што ги кутна врвните македонски акции

Објавено во: Финансии 06 Февруари, 2025 08:20

Добивај вести на Viber

Дали е последица на случувањата во светот и на сите економски „потреси“ кои со себе ги „донесе“ новиот американски претседател Доналд Трамп, дали се должи на домашни фактори и на своевидно благо ладење на инвеститорите после ланската фантастична берзанска година, но деновиве Македонската берза сериозно засвети во црвена боја.

Што ја донесе мечката на македонскиот пазар на капитал ќе кажат аналитичарите, но факт е дека иако падот на берзанските цени на домашните акции, односно на берзанскиот индекс МБИ10 стартуваше некаде од 21 јануари годинава, но неговата надолна линија особено се засили во оваа недела.

Па така, во петокот минатата недела Македонскиот берзански индекс во однос на претходниот ден се намалил за 0,25 отсто, а акциите главно паѓале и тоа Алкалоид за 0,42 отсто, Гранит за 0,38 проценти, Реплек и Стопанска банка Битола за над 0,9 отсто, а Макстил имал пад од 2,07 отсто, при што во последниот ден од минатата недела само Комерцијална банка имала благ раст од 0,24.

Но, работите почнуваат да одат навистина кон полошо во понеделникот, на стартот на оваа недела, кога МБИ10 доживува пад од 1,42 отсто. Главните акции од индексот исто така не се во добра положба на тој ден, па акцијата на Комерцијална банка паднала за 0,65 отсто, Алкалоид за 1,49 проценти, Гранит за 2,44 отсто, Макпетрол за 1,44 проценти, Стопанска банка Битола за 1,07 отсто и ТТК Банка за 2,96 проценти. Се сам минус до минус при тргувањето со акциите на главните и најтргуваните акционерски друштва.

Вторникот бил уште полош, МБИ10 доживува пад од 2,36 отсто, а мечката игра и кај сите други акции што се тргувале, и тоа Комерцијална банка, со минус од 2,97 отсто, Алкалоид за 4,11 проценти, Гранит се намалил за 0,13 отсто, Макпетрол за 2,8 отсто, Реплек за 1,84 проценти, ТТК за 1,18 отсто, и Витаминка за 0,7 проценти, додека на тој ден пораст имал само Макстил за 2,11 отсто.

И, вчерашниот ден МБИ10 повторно потонува, за 2,73 проценти, или Комерцијална се намали за 5,04 отсто, Алкалоид за 3,45 проценти, Гранит за 1,23 отсто, Макпетрол за 1,12 отсто, Макстил за 1,68 проценти и ТТК за 3 отсто.

Што се случува на нашата берза не е јасно, но вчера во црвено светеше и Белградската берза, додека, пак, индексот на Загребската берза имаше благ раст за околу 0,5 отсто.

Ако во ноември и декември лани но и се до 20 јануари годинава домашните инвеститори буквално се испотепаа за акциите на најмоќните домашни компании и банки, после тој датум како да се „свичнаа“ и не се интересираат за купување акции, освен во компанијата каде има бурна сопственичка промена.

А, како што објавија светските медиуми, деновиве, откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини за Мексико, Канада и Кина, кои ќе погодат трговија во вредност од милијарди долари, што ќе предизвика тресење на светските берзи и валутни пазари, Европа исто така се подготвува за удар.

Тој ден Паневропскиот индекс STOXX 600 падна за 1,3 отсто во утринското тргување, што е негов најголем еднодневен пад оваа година, а дериватите на S&P 500 паднаа за 1,4 отсто, пренесува Ројтерс. Загрепската берза исто така во понеделникот поцрвене, а Crobex падна за 1,13 отсто непосредно пред затворањето на тргувањето. 

Европската унија ќе биде следна на линијата за стрелање, најави Доналд Трамп, но не кажа кога. „Не ни ги земаат автомобилите, не ни ги земаат земјоделските производи. Тие не земаат речиси ништо, а ние им земаме сè“, им рече Трамп на новинарите.

Н.Н.Ф.

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари