29 Април, 2024
0.0244

Берлускони се повлекува, нов пресврт пред изборите!

Објавено во: Анализа 09 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Доста интересно ќе биде на крајот на февруари кога се закажани изборите во Италија. Се чини дека изборите прераснуваат во директен судир помеѓу Берлискони и Марио Монти. Навидум мирниот европски чиновник кој требаше само привремено да остане на работното место премиер се чини дека влегува во директна битка со стариот лисец Берлускони. Многуте афери го земаа својот данок и Берлускони се чини дека ќе мора да отстапи од диретната битка со Монти, доколку сака да ја добие војната. Што значи ова? Со цел да направи нова коалиција со Северната Лига, неговата Партија на Слободата мораше да вети дека ќе се откаже од премиерското место доколку ги добие изборите. Ова значи дека иако Силвио ќе остане на чело на неговата партија, додека партијата ќе го номинира премиерот (но тоа не смее да биде Берлускони). Се шпекулира дека Ангелино Алфано генералниот секретар на партијата ќе биде кандидат за премиер. Италијанскиот медиумски могул минатата година беше буквално избркан од неговото работно место и во неговата фотеља без избори седна Марио Монти. Во моментите на промена Италија беше пред банкрот и нејзините трошоци за рефининасирање беа исклучително високи. После една година како што бива во политика Берлускони за се што се случува во државата го обвини Монти, ја повлече подршката и нормално владата падна и започнаа подготовките за избори на кои Италијаните се доста навикнати. Како стојат сега работите? Интересно е дека Монти настапува како кандидат на повеќе партии, здружени во коалиција која го носи неговото име, или поточно називот е Con Monti per l'Italia или со Монти за Италија. Берлискони пред некој ден дури се потсмеваше со Монти велејќи дека не смее да се дозволи тој повторно да се врати власт поради тоа што и го направил на Италија и дека не смее човек што партијата си ја крстил по себе си да ја води Италија, веројатно сугерирајќи дека ќе биде иден диктатор. Сепак во моментов најголем бенефит има Пјер Луиџи Бершани и Демократската Партија кој според анкетите кои излегоа во недела има подршка од близу 40% од гласачи (иако не се знае дали ова ќе биде доволно за влада). Оваа партија е формирана со окрупнување на осум партии од левицата и застапува социјал-демократски и прогресивни идеи (ако воопшто може да се зборува за идеологија). Она што е интересно е дека Демократската Партија е поверојатен партнер на Монти  по изборите и доколку успеат да се договорат можеби е можно Монти на таков начин да се врати да биде премиер или барем на некој начин да го порази Берлускони. Коалицијата предводена од Берлускони засега има подршка од некаде 25% од гласачи и се надева да ја зголеми истата со популистичка политика која ветува повеќе даноци од северот за сиромашниот југ и поголема автонономија за регионите во Италија. Марио Монти се соочува со големо искушение пред себе, можеби најголемо во неговата кариера. Дали згреши што  донесе одлука да ја продолжи битката, ќе може да видиме за нешто повеќе од еден месец. Редакција Фактор