03 Мај, 2024
0.0252

БЕНЗИНОТ НИ ГО ПОСКАПЕ ЖИВОТОТ: Со каква математика граѓаните врзуваат крај со крај?

Објавено во: Економија 11 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Платата расте статистички, ама поскапува и животот. Не е новина, но граѓаните сè уште за храна и за основни потреби трошат најголем дел од месечните примања. Со останатото ги подмируваат сметките, купуваат облека, обувки. Според последните податоци, на годишно ниво, трошоците за живот се зголемени за 1,4 проценти. Граѓаните тврдат дека секако значајно влијание на нивниот семеен буџет има и зголемувањето на акцизата за цената на дизелот.

ШТО СЕ ПОСКАПЕ?

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2018, изнесуваше 23.942 денари и е повисока од истиот период лани за пет проценти. Платите растат со постојана динамика, но последните податоци за инфлацијата исто така покажува раст на трошоците за живот. На месечно ниво овошјето поскапело во јуни за 4,8 отсто, јогуртот и зленчукот за 0,3 отсто, сирењето, урдата, шеќерот, медот за 0,2 отсто. Но, цените се зголемиле и кај течните горива за  домаќинствата и тоа за 4,8 проценти, услугите за сместување поскапеле за 3,7 отсто, а туристичките пакет-аранжмани за 2, 8 отсто.

Граѓаните велат дека тешко го поминуваат месецот и дека со платата можат да задоволат само дел од потребите.

„Трошоците за живот се огромни и платата може да покрие само основни потреби, ако се мисли на просечна плата апсолутно не може, а има и луѓе кои земаат пониски плати. За да се има нормален живот, за да може еден човек да оди на одмор, да посвети внимание на култура, уметност, и да има финансиски живот без стрес, потребна е плата од најмалку 600 или 700 евра“, вели Валентина Димитриевска, вработена од Скопје.

Друга жена од Куманово која е невработена кажува дека не верува на бројки, туку на фактичка состојба и според неа сведоци сме дека секој ден цените одат нагоре, а животниот стандард надолу.  Вели дека кога цените растат, мора и платите да се зголемуваат.

„Како ли јас преживувам, интелектуалец сум, а невработена. Вработен едвај преживува со бедна плата, работи само за сметки. Не е само да се рече вработен е, газдите често се изживуваат со вработените за минимална плата, рестрикција си прават на вработени, каде го има ова? Тој да профитира, а работникот аир да не види, погубна политика. Основните продукти за егзистенција треба да имаат иста цена секаде низ државата, а и на тоа се профитира и треба да се забрани. За јадење денес секој мора да јаде, леб, млеко, млечни призводи, јајца, другото по негов избор. Мора да се стави крај на скок на овие цени, а стандард под секое ниво. Платите се усогласуваат според цените, а со тоа и животниот стандард да биде на завидно ниво“, додава таа.

Смета дека ваквиот дислабанс го нема никаде во светот и затоа народот се иселува. 

ПЛАТИТЕ ЗА СМЕТКИ

Најниски плати во земјава земаат вработените во чевларскиот и текстилниот сектор.

Кристина Ампева од Гласен Текстилен вели дека вработените во овие сектори во никој случај не можат со плата да ги задоволат сите потреби.

„Никако! Барем не овде во секторот каде делуваме. Колку и да  зборуваат дел од народните пратеници дека акцизата за поскапување на нафта и бензин не влијае на сиромашните, треба да бидеме свесни дека е 21 век и дека превозот е основна потреба. Колку и да се пишува на социјалните мрежи дека Македонците трошат пари за викенди и одмори во Грција, тоа не важи за работничката класа која иако вработена, е на раб на егзистенција и во прашање се основни потреби и трошоци за живот, а не одмори. 12.000 денари  е плата, а трошоците за живот ги знаеме. Пола од тоа оди на режиски трошоци. Едно е статистика, друго е реалноста, особено кај обичниот народ. Како газдата од конфекција чија плата е еднаква на сите негови вработени, но се зема просек, па се добива друга слика. Ете тоа е статистиката која залажува и се гледаат позитивни ефекти“ – вели Ампева.

Со платите кои ги добиваат граѓаните или мораат да се пресметуваат детално каде и колку трошат за да преживеат, да најдат дополнителни приходи или доколку се невработени, тогаш се на товар на некој друг член од семејството.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски