Бендевска и Таравари стануваат министри

Објавено во: Македонија 28 Мај, 2024 10:36
Пратеничката и носителка на изборна листа од партијата ЗНАМ, Весна Бендевска, ќе биде предлог за нова министерка за правда, објави Телма.
Во преговорите партијата на Максим Димитриевски доби можност да води две министерства (правда и планираното Министерство за администрација).
Бендевска на изборите беше носителка на ЗНАМ во изборната единица 5 и доби доволно гласови со што стана уште еднаш пратеничка во Собранието.
До скоро поранешната пратеничка на СДСМ беше претседателка на Комисијата за спречување и борба против дискриминација.
Актуелниот градоначалник на општина Гостивар Арбен Таравари ќе биде идниот министер за здравство во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, дознава ТВ21.
Кандидатот за претседател на Македонија на последните избори и претходно го има водено овој ресор.
Тој со крилото на Алијанса е партнер на Коалицијата „ВРЕДИ“. Еден е од најпознатите невролози во Македонија.
Доколку актуелниот градоначалник Арбен Таравари стане новиот министер за Здравство, во Гостивар ќе се одржат нови локални избори за избор на нов градоначалник. Или пак Владата ќе треба да донесе одлука со која ќе се пролонгираат до редовните локални избори наредната година, а дотогаш функцијата ќе ја извршуваат заменик-градоначалниците.
Можеби ќе ве интересира
КАВАДАРЧАНЕЦ КРАДЕЛ ВО КУЌИ, ВИКЕНДИЦИ, ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ: „Пленот“ вредел околу 466.000 денари

ФИЛКОВ ГО ОСУДИ ПАЛЕЊЕТО НА КУЌАТА НА ПАНДОВ: Најстрого ќе бидат казнети сторителите

„ЗАКОНОТ ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗАБРАНУВА ВЕРСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО СРЕДНИ УЧИЛИШТА“: Уставен суд ја укина Одлуката на Владата

НИКОЈ ВЕЌЕ НЕМА ДА КРШИ ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА НИЗ ЦЕНТАР: едногласно изгласана одлуката за формирање чуварска служба

КОЈ Е ТОЈ ТОЛКУ БОГАТ ОХРИЃАНЕЦ ШТО ОД НЕГО БИЛЕ ИЗНУДЕНИ 1,2 МИЛИОНИ ЕВРА - лихварка и лихвар заработија кривични пријави од МВР

Поранешниот уредник на весникот „Дневник“ стана директор на МИА

Се огласи првата антикорупционерка Димитровска: Комуницирав со семеен пријател пред да биде осомничен во „Адитив“

НЕДОСТИГА ДОКУМЕНТАЦИЈА, НЕ Е СПРОВЕДЕН ПОПИС, НЕ ФУНКЦИОНИРА СИСТЕМОТ ЗА ЕВИДЕНЦИЈА: ревизорите утврдија бројни недостатоци во Основниот суд Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе го пронајдеме тој што ја запали куќата на Пандов
