БЕЛАТА КУЌА ДО ПУТИН ПО НАПАДОТ НА КУРСК: Ако не му се допаѓа може да се повлече од Украина
Објавено во: Свет 13 Август, 2024 15:26
Oд Белата куќа велат дека ако на рускиот претседател Владимир Путин не му се допаѓаат случувањата во Курск, може едноставно да се повлече.
Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби изјави дека конфликтот во Украина е агресорска војна на Русија против таа земја и дека, ако на претседателот Путин не му се допаѓа она што се случува во Курската област, може едноставно да се повлече од Украина.
„А ако тоа не му се допаѓа (на Путин), ако му е тоа малку непријатно, тогаш постои лесно решение: може едноставно да се повлече од Украина“, кажа Кирби.
Претходно од Москва рекоа дека упадот на украинските сили во Курск е всушност конфликт на Западот со Русија.
Кирби изјави дека тоа е „смешна пропаганда на Путин“ која тој ја одржува од почетокот на војната, а тоа е дека морал да влезе во Украина затоа што НАТО ја опколи Русија и дека поддршката на НАТО и САД на Киев само докажува дека Западот е против Русија.
„Единствени кои војуваат со Украина се Русите, оние кои ја нападнаа Украина. И Украина се брани од таа агресија. Ова е агресорска војна на Русија против Украина, чисто и едноставно. Од почетокот“, рече Кирби.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно кажа дека Русија донесе војна во Украина, а сега војната се враќа кај нив дома. Додаде дека од Курск, Русите редовно го напаѓале Суми. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.foto EPA
Можеби ќе ве интересира
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела




