Бектеши: Утре на седница ќе се замрзнат цените на хигиенските производи
Објавено во: Економија 28 Март, 2023 11:23
Министерот за економија Крешник бектеши денеска пред медиумите објави дека на утрешната седница со владина одлука ќе се замрзнат цените на хигиенските производи.
- Утре на седница на владата ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на хигиенските производи. Не можеме да ги чекаме собраниските комисии преку измени на Законот за ДДВ да се намалат стапките на оданочување на некои хигиенски производи, рече Бектеши.
Тој рече дека станува збор за поширока лепеза на производи која ќе биде објавена утре. Замрзнувањето ќе биде со процентуално намалување на цените во однос на претходен датум што ќе биде одреден.
Бектеши додаде дека нема да ги каже конкретните производи затоа што трговците денес и утре би можеле да направат злоупотреби. Додаде дека оваа недела ќе се замрзнат цените на неколку земјоделски производи врз основа на анализа од Министерството за земјоделство.
Можеби ќе ве интересира
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото




