Бектеши им се закани на рудниците: Ако не работите, ќе се одземе концесијата
Објавено во: Економија 20 Септември, 2022 07:00
Министерот за економија Крешник Бектеши им се закани на оние рудници и комбинати, кои под оправдување за енормно скапа струја го прекинаа своето производство, дека ќе им биде одземена концесијата за работа.
Министерот во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24 алудираше на рудникот Бучим, кој го прекина своето работење.
- Бучим има исти трошоци како и Саса. Зошто не затвори Саса? Рудниците треба да знаат дека го користат јавното добро на граѓаните како концесија и дека истата може да им биде одземена доколку не работат, рече Бектеши.
Истовремено и Еуроникел (Фени Индустри) не работи поради скапата електрична енергија, а Бектеши вели дека овој капацитет калкулира и чека времиња кога на берзата фероникелот ќе добие висока цена.
Бектеши додаде дека државата нема да им помага на субјекти на слободниот пазар на електрична енергија кои имаат голема акумулирана добивка како што се банките, туку само на компании кои имаат реални трошоци и е загрозен нивниот опстанок.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




