17 Декември, 2025
0.0356

БЕКТЕШИ – ВЛАДАТА ГИ ОГРАНИЧИ ТРГОВСКИТЕ МАРЖИ, трговците не може да остваруваат ист профит како пред кризата

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2022 13:34

Добивај вести на Viber

Ограничување на трговските маржи на пет и 10 проценти за трговците на мало и големо ќе воведе Владата. Ова го соопшти Министерот за економија, Крешник Бектеши по одржаната владина седница.

-  По консулатации со бизнис заедницата, откако беше направен инпекциски надзор, Владата само што ја усвои највисоката трговска маржа на основните прехранбени производи, во трговијата на големо и мало. Според одлуката, почнувајќи од утре, откако ќе биде објавена во Службен весник, до 30 септември, за бел леб сечен на парчиња или цел, шеќер и масло за јадење се утврдува највисока трговска маржа во висина од пет посто во трговија на големо и во трговија намало.  За брашно од пченица тип 400 и тип 500, макарони од тврда пченица, бел ориз и млеко се утврдува маржа од 10 отсто, во трговија на големо и мало – кажа Бектеши.

Министерот исто така дополни дека е договорено во делот на формирање на цени да не се пресметуваат дополнителни оперативни трошоци, и нема да се плаќа рабат, за да нема дополнителни трошоци за производителите, ниту за превозниците, кои се прават врз основа на меѓусебни трошоци.

-  Веќе има намалување на цените кај одредени трговци по најавите за инспекции, но ако се зголемат цените на другите производи,ние ќе преземеме други мерки, ќе ја прошириме листата. Се соочуваме со една од најголемите кризи по втората светска војна. Држави како САД немале ваква инфлација 40 години, не е време да се прават исти профити како во нормални услови, ниту време за зголемено профитирање, ниту од трговците, ниту од останатите вклучени во трговскиот ланец. Затоа ќе ја следиме ситуацијата и нема да дозволиме да се прават зголемени профити, а ако треба ќе ја прошириме и листата на прооизводи кои се со ограничена маржа – потенцираше Бектеши.

Министерот исто така појасни дека во послениот месец дена нема толку голем раст на цените на енергенсите, туку напротив се намалени во споредба со претходните месеци, и на берзата и на регулираниот пазар за да има толку голем раст на цените на произвоите во малопродажба.

Мерките се носат во соработка со коморите. Не е фер кон потрошувачите да има раст на цените за 24 часа за 80 отсто, иако трошоците не им се зголемиле толку. Ние ги гледаме влезните фактури и не сме приметиле да има толку голем раст на трошоците ниту за струја. За макарони или тестенини се зголемила цената за 80 отсто за 24 часа, а за такво нешто нема основа, нема толку зголемени трошоци. Помошта од државата, и во врме на ковид, пандемија, криза има, предвидено е со ребалансот на буџетот, а дополнително има и со мерките за зголемување на конкурентноста, иновативноста, претприемништво за поддршка на компаниите... а ниту една од мерките не е скратена, сите мерки можат да се зголемат од страна на компаниие и стопанството и да ја намалат нивната потрошувачка – појасни Бектеши. 

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас