17 Декември, 2025
0.0624

БЕГ „ЏЕНТЛМЕНСКИ“ ПОБАРА ПРЕКИН НА ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА СНАБДУВАЊЕ И ДИСТРИБУЦИЈА, допрва треба да се најде кандидат кој ќе ги топли Скопјани

Објавено во: Економија 22 Јуни, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Како што најави првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, договорите со БЕГ, компанијата која ги имаше лиценците за снабдување на жителите на главниот град со топлинска енергија, ќе бидат „џентлменски“ раскинати.

Балкан Енерџи Груп, или БЕГ достави барање за престанок на останатите две лиценци со кои обезбедуваше загревање на Скопјани, односно парно греење за корисниците приклучени на системот.

До РКЕ, компанијата поднела барање за прекин на лиценцата за вршење енергетска дејнсот дистрибуција на топлинска енергија.

-  Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА БАЛКАН ЕНЕРЏИ на 17 јуни 2022 година до Регулаторната комисија за енергетика поднесе Барање за престанок на лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија – се наведува во соопштението на РКЕ.

БЕГ е носител на лиценцата за дистрибуција на топлинска енергија со датум на важење до 31.12.2047 година. Компанијата исто така поднесе барање за прекин на лиценцата за снабдување со топлинска енергија. Ова барање од БЕГ е исто така поднесено на 17 јуни, а важноста на оваа лиценца БЕГ ја има до крајот на оваа година, односно до 31.12.2022 година.

Неодамна Бислимоски појасни дека договорите со БЕГ ќе бидат „џентлменски“ раскинати.

-  Сите можат да се сетат како беше во зимските месеци, имаше одредени проблеми кои се надминаа со помош на Владата за да се ублажи цената за топлинска енергија. Ние во изминатиов период бевме во комуникација со трите компании на БЕГ и поради веќе почнатата постапка за одземање на лиценца за БЕГ производство, веќе и од БЕГ се свесни дека имаат сериозни проблеми во однос на обезбедувањето на природниот гас. Од тие причини РКЕ во тековниот период ќе донесе одлуки со која ќе се одземат трите лиценци на БЕГ производство, БЕГ дистрибуција и БЕГ снабдување и притоа се разбравме со компаниите џентлментски дека ние одредени постапки ќе прекинеме а тие ќе поднесат барање за престанок на нивните лиценци со една цел да нема ниедна оштетена страна. Треба да бидеме целосно подготвени за следната грејна сезона - потенцираше Бислимоски.

Во понеделникот Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука за одземање на лиценцата за вршење енергетска дејност производство од компанијата.

-  За денешната одлука согласно Законот за енергетика, ја известивме Владата која сега треба да спроведе постапка за избор на вршител на енергетска јавна дејност производство на топлинска енергија – кажа Бислимоски.

П. О. 

Можеби ќе ве интересира

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?