„БАТАЛЈОН НА БЕСМРТНИТЕ ИЗВРШИ ЧИН НА ЖРТВУВАЊЕ“: Работничката партија на Курдите ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Анкара
Објавено во: Балкан 01 Октомври, 2023 19:49
Работничката
партија на Курдистан (ПКК) ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад што се
случи утринава во Анкара, недалеку од зградата на турското Министерство за
внатрешни работи.
- Група поврзана со нашата Бесмртна бригада извршила жртвен чин против турското Министерство за внатрешни работи - изјавила вооружената група за АНФ.
Турција и многу западни земји ја класифицираат ПКК како терористичка организација.
Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја изјави дека утринава околу 9 часот и 30 минути се случил бомбашки напад пред портите на нивното Министерство во Анкара, во кој е убиен еден од терористите, пишува Хуриет.
Според него, двајца терористи дошле пред зградата на Министерството, а едниот активирал експлозивна направа, додека другиот е уапсен.
- Еден од нив се разнесе, додека другиот е неутрализиран - рече тој.
Си-Ен-Ен Турк јави дека има повредени и дека сите околни патишта се затворени. Според АП, турскиот парламент денеска по летната пауза треба повторно да заседава.
Вооружениот конфликт со ПКК започна во Турција во 1984 година и продолжи во 2015 година. ПКК, организација која се обидува да создаде независна курдска држава, вклучително и на турска територија, воспостави бази на ирачки и сириски територии во близина на турската граница, каде што се цел на турски копнени и воздушни напади.
ФОТО: EPA-EFE/NECATI SAVASМожеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




