12 Мај, 2024
0.0203

Барса повторува едни те исти грешки

Објавено во: Спорт 03 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Ако е лудост да го правиш истото одново и одново со надеж следниот пат дека ќе се добие поинаков резултат, Барселона е најоткачениот тим оваа сезона, анализира Карлес Фите, од шпански Спорт.

Повторно се доби можност да се извлече корист од киксоте на лидерот на табелата во Ла Лига пред овој круг (Реал Мадрид) и повторно таа не беше грабната. Дури трето реми на „белите“ не го донесе првото место во табелата на раштиманиот шампион.

Повторно беа направени ротации, како против Алавес, и тие повторно не профункционираа. Целосно непотребни, под услов дека претстои пауза за меѓународни натпревари. Недостатокот на Хавиер Маскерано, Иван Ракитиќ и Андрес Иниеста во централното јадро на тимот се покажа фатално и оттаму тргна епидемијата од грешки низ центарот - од инаку непогрешливиот Серхио Бускетс преку Џереми Матју па дури до голманот Марк-Андре Тер Штеген, кој изгледаше како Гаринча (одлична забелешка на коментаторот Мајкл Робинсон).

Повторно, по втор пат оваа недела, беше одиграно слабо прво полувреме, ставајќи го во опасност исходот на целиот натпревар. Барса не го искористи предупредувањето во Менхенгладбах, каде што исто така играа слабо пред одморот, и овој пат не успеа да се спаси. И покрај херојската игра на Жерард Пике.

Повторно беше направена истата грешка како минатата сезона на „Балаидос“: топката се губеше постојано во центарот, каде таа веднаш одеше кај брзите напаѓачи на Селта и тие нанесуваа непоправлива штета со драгоцена помош на играчите на „каталонците“ во задната половина на теренот.

Добро е што и трите гиганти имаат по три разминувања со победата во првите седум круга, инаку Барса ќе беше далеку од врвот. Оваа Лига ќе биде тврд орев. За сите.