БАРАЛ ПАРИ ЗА ДА НЕ ОБЈАВИ КОМПРОМИТИРАЧКИ ФОТОГРАФИИ И ВИДЕА: Убиената жена од Кочани пријавила во полиција
Објавено во: Македонија 25 Септември, 2023 17:45
Од Полициската станица во Кочани пред околу пет месеци добиле пријава за уцена што ја доставила 46-годишната жена која утрово е убиена.
„На 16. мај, во 11:30 часот, Т.М. пријавила дека подолг период била уценувана од У.Р. со кого биле во љубовна врска, дека ќе објави компромитирачки фотографии и видеа доколку не му даде пари. Од страна на инспектори во Надворешната кцеларија за криминалистички работи при Одделението за внатрешни работи – Кочани постапено е по пријавата. На 31. мај до Основното јавно обвинителство – Кочани е доставен поднесок – известување со службен материјал во прилог. Како дополнување на известувањето испратен е и службен материјал во прилог на 05. јуни 2023 година“, истакнуваат од СВР – Штип.
Од Основното јавно обвинителство – Кочани информираа дека се работи на расчистување на случајот.Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на лице место пред семејна куќа каде утрово е убиена жена на возраст од 46 години. Преземени се сите дејствија, наредена е обдукција на телото на починатата, обезбедени се траги и други докази кои ќе бидат предмет на вештачење.
Можеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




