26 Април, 2024
0.0372

БАНКИТЕ ДОБРО ЌЕ НИ ГИ ЧУВААТ ПАРИТЕ - и во време на КОВИД-19, тие се стабилни

Објавено во: Финансии 19 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Претставницитна Народната банка и на Министерството за финансии денеска ја разгледале состојбата во банкарскиот сектор, во контекст на актуелните услови со ширењето на вирусот ковид-19 (коронавирусот). 

Комитетот заклучил дека банкарскиот систем е стабилен. 

„Банките продолжуваат со давање услуги на граѓаните и компаниите и се прудентни во своето работење. Информациите од теренот покажуваат дека банките се подготвени да работат и во актуелните вонредни околности и дека ги следат препораките за превенција“, велат од Комитетот.

На седницата било нагласено дека е особено важно што последниот редовен квартален стрес-тест спроведен од Народната банка со податоци за 31 декември 2019 година ја потврдува стабилноста на банкарскиот систем и неговата отпорност на симулираните шокови.

Економските ефекти од вирусот сѐ уште се неизвесни на глобално и национално ниво и зависат од времетраењето и силината на овој неочекуван шок. Народната банка и Министерството за финансии постојано ги ажурираат информациите и вршат оцена на можните ефекти врз домашната економија, заради навремена процена на потребата од преземање соодветни мерки.

Се очекува дека во текот на претстојните денови, Советот на Народната банка ќе донесе регулаторна измена со која ќе се олеснат условите за реструктурирање на кредитите на граѓаните и компаниите.

Претходно, на почетокот на неделава, Народната банка ја намали основната каматна стапка на 1,75, а потоа донесе и неколку одлуки за регулаторни промени коишто придонесуваат за ублажување на потенцијалните неповолни ефекти врз економијата. Се очекува дека дел од нив ќе овозможат поголема кредитна поддршка и поповолни услови за компаниите коишто се погодени, бидејќи износот на новите или реструктурираните кредити одобрени на овие компании ќе претставува одбитна стапка од обврската за држење задолжителна резерва на банките кај Народната банка. Донесена е и одлука за одложена примена на некои регулаторни барања од банките за да се овозможи поголема посветеност на банките на давањето кредитна поддршка на стопанството и на населението.

Можеби ќе ве интересира

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната