БАЛКАНСКА ЗЕМЈА РАЈ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ: Живеат комотно со 958 евра
Објавено во: Финансии 23 Октомври, 2017
Бугарскиот дневен весник „Труд“ пишува дека германските пензионери веќе ги потиснуваат Британците за купувањето на недвижнини во Бугарија, пренесува БТА.
Бугарија е финансиски рај за повозрасните Германци, кои дома едвај би составиле крај со крај со 958 евра, колку што е просечната пензија за 15,9% од речиси 21 милион пензионери, колку што вкупно ги има во Германија.
Германската телевизија РТЛ наведува дека пензионерите со тие пари можат богато да живеат во Бугарија, затоа што во таа земја цените на храната се двојно пониски отколку во Германија, а недвижнините се многу поевтини.
За разликата од бројните Руси кои купуваат викендици во Бугарија за да заработат со нивното издавање, Германците повеќе сакаат цела година да живеат тука, затоа што не ги интересира ниту туризмот, туку само сакаат да ги трошат своите пензии и да уживаат во животот.