16 Декември, 2025
0.0815

БАЛКАНЦИТЕ СО НАЈМАЛ РАСПОЛОЖЛИВ ПРИХОД, Скандинавците со најголем, Евростат анализира кој има најмногу пари за трошење

Објавено во: Економија 05 Јули, 2022 07:20

Добивај вести на Viber

Начинот на кој доходот и богатството се распределуваат низ општеството го одредува степенот до кој поединците имаат еднаков пристап до стоките и услугите произведени во рамките на националната економија. 

Многу важна мерка за распределба на доходот, според „Евростат“ е просечниот еквивалентен расположлив доход (натамошен расположлив приход) изразен во стандардот за куповна моќ (ППС- purchasing power standard - PPS) по жител.

Европскиот статистички центар, „Евростат“ во анализа објавена на својата веб страна, прави споредба меѓу стандарот за куповна моќ кај граѓаните во Европа, одделно во секоја земја. 

Податоците кои ги објави „Евростат“, покажуваат дека соседна Бугарија, како членка на Европската унија има меѓу најмалите расположливи приходи по глава на жител од источните земји членки. 

Од земјите на Балканот, најниска куповна моќ имаат жителите на соседна Албанија, а Македонците се малку подобри од нив. 

Во 2020 година, просечниот расположлив приход беше во просек 17.871 ППС - стандардот за куповна моќ по жител во ЕУ. Сепак, тој значително се разликува низ земјите-членки на ЕУ и се движеше од 28.675 ППС  во Луксембург до 7.724 ППС во Романија - се наведува во анализата на „Евростат“. 

Податоците покажуваат дека највисоки нивоа на просечен расположлив приход се забележани во западните и нордиските земји-членки на ЕУ, како што се Луксембург, земја која е на врвот согласно расположливот приход, потоа следува Германија, па Австрија и Белгија. 


Како што се наведува во анализата на „Евроостат“ од другата страна, или најдолу на листата со најмал просечен расположлив приход се повеќето јужни и источни земји-членки, како што се Романија, која е на самиот крај на лисатата, а едно ниво погоре е соседна Бугарија, па Унгарија и Словачка.

Согласно податоците кои ги има поставено овој статистички центар на својата веб страна, од земји од Западен Балкан кои се уште не се членки на унијата, најнизок стандард на куповна моќ имаат жителите на Албанија, а нешто поголем имаат Македонците, па Црногорците, и најдобар Србите. Уште една земја кандидат за член во унијата со слични бројки кога станува збор за стандардот на куповна моќ е Турција каде распределбата е минимално поголема од Србија. 

Можеби ќе ве интересира

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП

Екстра непотрошени 15 милиони евра од буџетот одат за „Бехтел и Енка“

Екстра непотрошени 15 милиони евра од буџетот одат за „Бехтел и Енка“

СЕ УСЛОЖНУВА ПОСТАПКАТА ЗА КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ ОД ЕУ: Без овој документ не се надевајте да се подновите со ново возило

СЕ УСЛОЖНУВА ПОСТАПКАТА ЗА КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ ОД ЕУ: Без овој документ не се надевајте да се подновите со ново возило

Германија е во шок, ова никогаш не се случило: Фолксваген ја затвора својата домашна фабрика за прв пат по 88 години

Германија е во шок, ова никогаш не се случило: Фолксваген ја затвора својата домашна фабрика за прв пат по 88 години

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум