Aвтопатот Тетово-Скопје пуштен за сообраќај по страотната несреќа
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2019
По вчерашната трагедија во која животите ги загубија 14 лица денеска автопатот Тетово-Скопје е ставен во нормално функционирање.
Сепак, стариот пат Скопје –Тетово уште е под блокада и затворен за сообраќај.
Таму утрово се вршеше увид на местото на кобната несреќа во кој автобус на Дурмо турс излета од патот си се превртел на кров.
Повредени се безмалку 30 лица, а во критична состојба се три лица.