АВТОБУС ЗАРОБЕН ВО ЕЗЕРО - пороен дожд направи хаос во Белград
Објавено во: Балкан 17 Мај, 2021
Невремето што попладнево се случи во Белград предизвика големи проблеми во сообраќајот.
Освен колапс на сите поголеми патишта, возачите имаа големи проблеми и во делови од градот каде што водата буквално создаваше реки!
Слика направена недалеку од населбата Автокоманда зборува повеќе од се.
Имено, на фотографијата покажува автобус заробен во езеро кое се формирало буквално веднаш после краткотраен, но ороен дожд.
Станува збор за автобусот на фирмата „Ласта“ што сообраќа на линијата Белград - Младеновац.
Како што изјави возачот, водата само се појавила и тој немал време да реагира.