АВСТРИСКИ МЕДИУМ ЈА ПРОНАЈДЕ РОМАНКАТА: Жената кажа дека минува низ пекол и дека детето снимено со неа не е Данка
Објавено во: Балкан 03 Април, 2024
Австрискиот сајт „Космо“ тврди дека ја лоцирал едната од двете жени кои се појавуваат на видеото снимено во Виена со девојче што личи на исчезнатата Данка Илиќ од Бор. Романката тврди дека детето на видеото не е Данка, туку нејзината ќерка, а „Космо“ наведува дека овие најнови информации и ги доставиле на австриската полиција.
Како што пишува овој портал, новинарите преку група на Фејсбук стапиле во контакт со жената А.Ч.С.(36). Според нив, таа е романска државјанка и живее и работи во Виена. Беше како што велат „нервозна“.
Разговорот со неа, пишува „Космо“, бил емотивен и тежок бидејќи била во шок. Таа мисли, велат, само за тоа што можело да се случи доколку ја препознаат на улица и повикале полиција.
„Тоа низ што поминувам е страшно! Никој на светот не може да разбере каков кошмар е ова! Можев да умрам невино. Јас сум мајка, сочувствувам со детето од Србија и би сакала да го најдат. Но, она што го поминувам со мајка ми е исто толку страшно!“, рекла жената.
Данка исчезна минатиот вторник.