Австралиски парламентарци гласаа среде ноќ по шорцеви и влечки
Објавено во: Свет 14 Ноември, 2016
Државниот парлемент на Квинсленд, во Австралија доживеа неверојатни сцени, откако пратениците на мнозинството беа повикани да гласаат во 2:30 часот по полноќ. Брзајќи да стигнат да го исполнат кфорумот повеќето од нив воопшто и не беа пристојно облечени па дојдоа во парламентот по шорцеви и влечки, а еден од нив немаше ниту блуза освен наметнато палто.
Питер Велингтон, претседателот на Парламентот иако посочи дека не е испочитуван дрес кодот сепак, реши да им дозволи на испаничените парламентарци да гласаат, додека пак нивните колеги од владејачката партија која го губи мнозинството им аплаудираа.