Авиокомпаниите повторно прифаќаат патници од муслимански земји во летовите до САД
Објавено во: Свет 04 Февруари, 2017
Граѓаните на седумте земји со претежно муслиманско население, на кои претседателот Доналд Трамп им забрани да влегуваат во САД за 90 дена, повторно можат да се качат на летовите од оваа дестинација, соопштија денеска неколку водечки авиокомпании, откако судот во Сиетл ја запре привремено примената на претседателскиот декрет, пренесе Ројтерс.
„Qatar Airways“ прва најави дека ќе им дозволи на патниците од Иран, Ирак, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен да летаат до американски градови, ако имаат валидни документи.
Француската „Air France“, шпанската „Iberia“ и германската „Lufthansa“ го следеа примерот по пресудата што Белата куќа се закани дека ќе зажалат што е можно поскоро.Првично сајтот на друг главен превозник од Заливот -„Etihad Airways“ - продолжи да ги известува патниците за декретот на Трамп од 27 јануари, но подоцна објави дека ќе ги прифаќа.
Американската служба за царинска и гранична заштита ги посоветувала „Qatar Airways“ и „Etihad Airways“ да прифаќаат патници од седумте држави и сите бегалци кои се ставени под забрана. Катарскиот авиопревозник потврди дека повторно ги прифаќа сите кои имаат валидни документи за патување.
Авиокомпанијата „Emirates“ сепак засега не презела промена во таа насока.
Швајцарскиот превозник „Swiss International“ исто така ги обнови летовите за сите патници до САД. Компанијата соопштила дека продолжува да води дијалог со американските гранични власти.
Околу 60 000 американски визи се откажани по декретот на Трамп, според податоци на американскиот Стејт департмент.
Забраната за патување, која според Трамп е потребна за да ги заштити САД од исламистичките бунтовници, предизвика транспортен хаос во светот и остри критики од правобранителски организации кои ја определиле мерката како расистичка и дискриминаторска, потсетуваат агенциите.
И покрај зеленото светло, дадено од службата за царинска и гранична заштита на САД по судското решение, нискобуџетна авиокомпанија „Norwegian“ која врши трансатлантски летови, вклучувајќи од Лондон и Осло, изјави дека остануваат нејаснотии околу правната положба.