27 Април, 2024
0.0285

Аутомакедонија со електричен автобус, вовед во урбаната електромобилност

Објавено во: Мои пари 07 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Како дел од меѓународната промотивна тура “DEMO TOUR 2022” компанијата Аутомакедонија во текот на изминатите две недели го претстави целосно електричниот автобус - Isuzu NovoCITI Volt и во Македонија. NovoCITIVOLTсе возеше на улиците на Струмица, Прилеп, Битола, Тетово, Куманово и Штип, а завршниот настан се случува денес во главниот град, со презентација на NovoCITIVOLTпред локалните оператори и претставниците на бизнис секторот. Возејќи се во овие 7 града и 23 населби од нивната непосредна околина, повеќе од 2000 граѓани имаа можност “од прва рака” да се уверат во можностите кои овој еколошки автобус ги нуди во организирањето на урбаниот транспорт.

Во рамки на промотивната тура, Аутомакедонија и NovoCITIVoltја поддржаа и еколошката акција "Куманово мој зелен дом", организирана од страна на Општина Куманово. Во оваа акција беа посадени дрва кои ќе пораснат во нови бели дробови на градот, а NovoCITI VOLT со своите 0% емисија на CO2 придонесе превозот да биде 100% еколошки и без никакво загадување на околината.

Со својот електричен мотор и импресивниот дизајн, NovoCITI VOLT претставува најкомпетентно решение на пазарот кога станува збор за 0% емисии, ниска бучава и модерен концепт, кои се највисоко рангирани меѓу општинските приоритети во градскиот јавен превоз.

Локалните власти и операторите можат да ги искористат предностите на богатата палета на достапни опции на NovoCITI VOLT во зависност од нивните оперативни барања. Високо маневрирачки со должина од 8 метри, NovoCITI VOLT е лесен за оперативна примена дури и во најурбаните градски средини. Голема предност која го издвојува NovoCITI VOLT се ниските оперативни трошоци и максималната ефикасност. Покрај бенефитите за операторите и локалните власти, NovoCITI VOLT им обезбедува пријатно возење на патниците со својата пространа и удобна внатрешност и комплетната бесшумност. Опсегот на Volt достигнува до 350 km благодарение на своите батерии со високи перформанси со капацитет од 268 kW, што го прави сериозен конкурент и во меѓуградскиот транспорт на патници.

Иднината на градскиоти меѓуградскиот транспорт е тука - Isuzu Novociti Volt!

Компанијата Аутомакедонија оваа година го прославува своето 75 годишно постоење на нашиот пазар. Со обележувањето на овој значаен јубилеј, Аутомакедонија воедно ја истакнува и својата стратешка определба за обезбедување на комплетна поддршка на електричната мобилност во сите сегменти на автомобилската индустрија, обезбедувањето на соодветна инфраструктура и фокус кон обновливи извори на енергија.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“