Аудио бомба: Српски тајкун им дал 300.000 евра на Заев и Рашкоски?
Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2020
Нова аудио бомба открива фрапантни сознанија и сомневања за криминал од интернационални рамки во кој се врзува името на контраверзниот српски тајкун Миодраг Давидовиќ Дака, Зоран Заев и Драги Рашкоски. Врската за овие три имиња е Зоран Милески Кичеец кој пак е осуден за случајот „Рекет“.
Аудио бомбата опфаќа разговор на Давидовиќ и Зоран Милески Кичеец кој кажува дека е пратен директно од Зоран Заев. Разговорот го почнува Зоран Милески, кој му кажува на тајкунот да одат кај Зоран Заев и дека има организирано се’.
Зоран Милески: Јас бев кај него (Зоран Заев), ми вика знаеш за Дака, доаѓа цело време тука, се’ сум организирал… Со Рашкоски дали го држиш под контрола. И јас сум реков ДА! И тој ми рече добро ти го работиш ова, јас го правам ова за тебе.
Милески го потсетува Дака дека му дал ветување на генералниот секретар на Владата и близок соработник на Заев, Рашкоски, дека е тука ако треба да заврши работа за референдумот за името. Очигледно Давидовиќ е незадоволен бидејќи се чувствува изигран од Зоран Заев и Рашкоски за парите кои ги дал, бидејќи не го добил тоа што сака, иако платил пари.
Српскиот бизнисмен вели: Ги знам тие ваши трикови, Јас вас ви дадов 300.000 евра и 2.000 квадрати, работата не е завршена, што сакате уште. Јас тебе (мисли на Кичеец) те исплатив и со тебе немам ништо. На што Милески одговара дека има работа сега со Рашкоски.
Зоран Кичеец го моли Дака да го однесе кај Зоран Заев и Рашкоски, на што овој одбива бидејќи се чувствува изигран бидејќи не ги исполниле обврските спрема него, иако платил 300.000 евра кеш.
Дака: „Ви дадов многу пари што сакате уште, само се фолирате, ме правите будала“.
Дака му вели на Кичеец, Заев кажа дека ова го работи заради тебе, со што практично се потврдува дека Заев е длабоко инволвиран во оваа криминална мрежа.