13 Мај, 2024
0.0240

„Ауди“ повторно на врвот

Објавено во: Стил 13 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Врвни резултати повторно постигна  Audi во анкетата спроведена од компанијата за истражување на мислењето на потрошувачите J.D Power. Резултатите од страна на J.D Power, во категоријата позната како АPEAL (Автомобилски перформанси, изведба и изглед) или со еден збор "ДОПАДЛИВОСТ", покажуваат дека  Audi постигна најдобри резултати до сега. Истражувањето за автомобилските перформанси, изведба и изглед во организација на добро познатата агенција за истражување на задоволството на потрошувачите во автомобилската индустрија J.D Power кое оваа година се одржа 18-ти пат. J.D Power испитуваше примерок од 83.000 сопственици на нови возила во првите 90 дена од набавката на возилото без оглед на тоа за кој бренд на автомобил се работи. Со 875 освоени поени од можни 1.000, брендот Audi освои 62 поени над просекот во автомобилската гранка притоа надминувајќи 33 конкурентски компании.