Автобусите и натаму ќе блокираат, а Ленин Јовановски се повлекува од протестите
Објавено во: Македонија 07 Декември, 2022 17:07
Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ се повлекува од протестот на приватните превозници, но автобусите и натаму ќе го блокираат Скопје.
Јовановски вели дека не сака неговото име да биде изговор за дефокус од вистинскиот проблем што го имаат приватните превозници и затоа се повлекува од протестот.
„Поради тоа што во изминатите денови секој ден се повеќе се споменува моето име Ленин Јовановски како клучен проблем и изговор на одредени и политички структури и интересни групи коишто се фокусираат на мене како личност и на ‘Слобода превоз’ и на некакви бизнис или лични интереси што исто така беа споменати во обраќањето на секретарот, јас од денеска во целост ќе се повлечам од мојата улога во овие протести за да помогнам и да не бидам изговор ниту јас ниту ‘Слобода превоз’ за нерешавањето на овој проблем“, вели Јовановски.
Генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров денеска обвини дека блокадите во главниот град се поради политички и лични интереси на поединци.
За изјавата на генералниот секретар на Градот кој рече дека има огромен интерес на јавниот повик за избор на нови приватни превозници за линиите со број 20 и 22, Јовановски вели дека не е точна.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




