29 Април, 2024
0.0276

„Атлантик Група“ во Србија со воведувањето на програмата за енергетска ефикасност заштедила 10% енергија

Објавено во: Мои пари 10 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Компанијата за управување со амбалажен отпад во Србија „Секопак“ на крајот на изминатата година го додели сертификатот CO2на членките на „Атлантик Група“-„Гранд Пром“ и „Соко Штарк“–за придонес во намалување на CO2 емисиите во атмосферата, врз основа на пласираните и рециклираните количини на амбалажниот отпад во 2014 година.

„Основата на секое општествено одговорно делување на секоја компанија е таа да стане свесна за важноста и потребата да го унапреди влијанието кое го остава врз животната средина во која работи,па така енергетската ефикасност е траен избор и стратешка определба на „Атлантик Група“ за да го намали влијанието врз животната средина преку рационализација на потрошувачката на енегријата и водата, смалулвање на отпадот и зголемена селекција на отпадот во сите свои процеси“, нагласи Владимир Чупиќ, директор на претставништвото на „Атлантик Група“ во Србија, на свеченото врачување на сертификатите на двете компании во Медиа центарот.

Со ексклузивното доделување на сертификатите„Секопак“ станува прв и единствен оператор на пазарот на Србија, кој обезбедува увид во придонесот на секторот за заштеда на емисија на CO2. Од вкупните заштеди на емисиите на CO2 во Република Србија од 16,076 тони, „Секопак“учествува со 67% или 10.763 тони.

"Овие резултати ги постигнавме благодарение на примарна селекција и собирање на отпадот од пакување од комуналните извори, со што се зголеми застапеноста на сите 5 видови амбалажен отпад, а со тоа ја направивме најголемата заштеда на CO2емисиите. Особено сме среќни што ја имаме можноста да го врачиме сертификатот на членките на„Атлантик Група“, кои нé пратат од самиот почеток и работат со нас за изградба на примарната селекција", вели Виолета Белановиќ Кокир, генерален менаџер на компанијата „Секопак“, лидер на пазарот за управување со амбалажен отпад.

„Атлантик Група“ подготви конкретни проекти за подобрување на енергетската ефикасност за компаниите во Србија, финансирање преку поддршка на ЕБОР, која беше дел од една поширока стратегија за подобрување на системот на производни процеси на „Атлантик Група“ и поддршка на регионалните активности за порационално користење на ресурсите и енергијата, намалување на трошоците, но исто така и заштита на животната средина. Во прилог на намалување на трошоците во врска со ефикасноста, се очекува со планираните инвестиции кај оперативните компании во Србија и понатаму дополнително да се намалува емисијата на CO2 на 600 тони годишно.

Генералниот директор на стратешко-деловната област Кафе,во рамките на „Атлантик Група“ Андреј Беле, рече дека грижатана„Гранд кафе“за квалитетот на производот започнува од изборот на најдобрите суровини на плантажите за кафе и продолжува преку постојано подобрување на технологијата и енергетска ефикасност, секојдневната контрола и подобрување на оригиналниот рецепт.

"Ова е квалитет кој потрошувачите го препознаваат, а го потврдуваат стандардите за квалитет ISO 9001, HACCP, како и меѓународниот сертификат за управување со животната средина ISO 14001. Со одговорноработење се стремиме да го намалиме негативното влијание на производствените циклусиврз животната средина преку максимизирање на отпадниот третман, контрола на емисиитена гасови и отпадните води, но, исто така, и да придонесемеза подигање на свеста за важноста на рециклирањето во нашата земја и да се развие свеста за важноста на рециклирање на оние материјали чија преработка и повторна употреба е возможна. Крајниот резултат е почисто производство и заштита на животната средина, рационално користење на енергија и суровините со постојан квалитет на производите", вели Беле.

Компанијата „Штарк“веќе неколку години постојано работи на исклучиво користење на  природни состојки и технолошки процеси кои го поттикнуваатчувањето на  хранливата вредност на природните состојки.

"Ние ги заменивмевештачките ароми со природни, користиме природни бои и воведовме нехидрогенизирани растителни масти наместо хидрогенизирани масти. Од друга страна, пак, се грижиме за амбалажата, која кај сите производи е истакнато како се рециклираат и се стремиме да се оддели и рециклира  отпадот што е можно повеќе, што во 2014 година беше над 60%. Сето ова е само дел од процесот на стандардите за корпоративна општествена одговорност како што беше потврдено од страна на системот за безбедност на храна и квалитет според ISO 9001, FSSC 22000 и HACCP, како и меѓународниот сертификат за управување со животната средина ISO 14001, со која се докажува дека нашиот систем за управување на ЕМС, е во согласност со најдобрите практики и стандарди" - заклучи Матјаж Водопивец, управен директор на “Штарк“.

Можеби ќе ве интересира

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид