14 Декември, 2025
0.0509

Атанас Костовски: Благодарам Бујар!: Честитки за министерот Османи од доајенот на спортското новинарство Костовски

Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2023 12:07

Добивај вести на Viber

Благодарам Бујар! Вака доајенот на спортското новинарство, Атанас Костовски ја завршува својата колумна за „Слободен печат“ насловена „Еден етнички Албанец ме направи горд Македонец!“ во која се осврнува на успешно спроведениот Министерски совет на ОБСЕ од страна на министерот за надворешни работи, Бујар Османи како кормилар на ОБСЕ, и на Македонија како Претседавач со Организацијата во 2023 година.

„Честитки министре, за едногодишното кормиларење со ОБСЕ, честитки до комплетната екипа на Министерството за надворешни работи, на нашата Влада, на скопјани што ги прифатија сите препораки за време на одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ. Завршниот аплауз во светски адаптираната „Борис Трајковски“ за потребите на самитот, значеше дека нашата Македонија беспрекорно го одработи едногодишниот претседателски мандат со ОБСЕ“, вели Костовски.

Според Костовски, не бил само завршниот настан на Претседавањето со најголемата светска регионална безбедносна организација успешен, туку целогодишниот мандат како Претседавачи со ОБСЕ за што потврда стигнала од цел свет. 

„Пред, за и по деновите на Министерскиот совет, почувствував како да сум дел од едно општество за сите, еден етнички Албанец ме направи горд Македонец!“, вели Костовски.

На Министерскиот совет на ОБСЕ кој заврши на 1 декември, лидерството на Османи со Организацијата и неговиот постојан ангажман за обезбедување на функционалноста на Организацијата резултираа со консензуална согласност на сите земји-учесички Малта да го презеде Претседавањето во 2024 година, а едногласно беа поддржани и продолжени мандатите и на челниците на независните институции на ОБСЕ. 

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија