АРТАН ГРУБИ: Сите оние кои сакаат европска Македонија утре ќе гласаат
Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2020 15:13
Пратеникот на ДУИ, Артан Груби на денешната прес конференција кажа дека 2/3 законски решенија меѓу кои и Законот за Јавно обвинителство и Законот за одбрана ќе најверојатно ќе се гласаат утре, пред распуштање на Собранието.
Нагласи дека повеќе не се преговара за Законот за јавно обвинителство и дека оние кои се определени да гласаат, ќе гласаат.
„Веќе не се преговара, оние кои ќе гласаат за дво-третински закони ќе гласаат, јас се надевам дека Беса и Алијанса за Албанците ќе го променат своето мислење и ќе дадат глас за Законот за Јавно обвинителство, за да не дозволиме било какво оправдување од страна на земјите од Европската Унија. Сите сме се изјасниле дека ќе ги поддржиме Законот за ЈО и Законот за одбрана. Се надевам дека утре сите оние кои сакаат европска Македонија утре ќе се поредат и заедно со нас ќе гласаат“, рече Груби.
Претходно Костадин Костадинов од СДСМ повика пратениците да преземат одговорност и да гласаат за Законот за ЈО.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




