14 Декември, 2025
0.0651

АРСОВСКА ГИ ПОДБРА СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ: Тие биле виновни зашто граѓаните немале да добијат 50 еко автобуси

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2023 14:14

Добивај вести на Viber

Коалицијата ДПМНЕ - СДСМ работи против интересите на граѓаните во Советот на Град Скопје. Претседателот на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денес одби по четврт пат да ја стави на дневен ред во Советот за гласање предлог точката за набавка на нови еко-автобуси за потребите на граѓаните, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

На денешната седница на советот,таа истакна дека "само поради антинародната коалиција ДПМНЕ - СДСМ во Советот на Градот Скопје, скопјани нема да добијат 50 нови, модерни и еколошки автобуси."

"ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обединети кога станува збор за паушалите од по 500 евра кои ги земаат советниците, обединети по однос на паушалите кои ги земаат нивните кадри во надзорните и управните одбори, обедините кога се работи за партиските вработувања, но се нема слух кога станува збор за интересите на граѓаните.

Славевски како и останатите советници од ВМРО-ДПМНЕ се шетаа од врата на врата промовирајќи ја програмата „За модерно Скопје“ на градоначалничката Данела Арсовска, а сега откако станаа дел од Советот работат спротивно на интересите на граѓаните и прават се за програмата која ја доби довербата на граѓаните да не се исполни.

Но тоа не е се бидејќи коалицијата ДПМНЕ - СДСМ во Советот на Град Скопје продолжува да се служи со лаги и манипулации . Градот ниту е пред банкрот, ниту ќе банкротира и прави се што е технички возможно да ги врати долговите кои ги наследил од претходните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои работеле недомаќински и ги задолжиле скопјани за милионски суми.

Градот Скопје нема да прави компромис со вистината, ниту пак со проектите кои сме ги ветиле пред граѓаните, програмата „За модерно Скопје“ ќе се реализира на еден или на друг начин им се допаѓало тоа на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ или не бидејќи за нас интересот на граѓаните е пред се." рече таа.

Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина