13 Мај, 2024
0.0198

Арсенал - светски шампион во приходи од стадион

Објавено во: Спорт 07 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Лондонски Арсенал нема фудбалски титули долго време, но секоја година станува светски шампион - по профит од својот стадион. Го докажа тоа и со бројки сметководствената фирма „Делоит“ во традиционалното истражување за фудбалските финансии.

Топџиите, кои се гордеат и со најскапи билети за натпревар во светот, извлекле од џебовите на нивните фанови вкупно 132 милиони евра за натпреварите во сезоната 2014/2015. На второ место е Реал Мадрид со приход од 129,8 милиони евра, трета е Барса со 116,9 милиони евра.

„Достигнувањето“ на Арсенал е навистина извонредно, бидејќи „Емирати“ има само 60.000 места, многу помалку од „Бернабеу“ (81.044 места официјален капацитет) и од „Ноу Камп“ (99.354).

Во топ 10 во светот по приходи од натпреварите на свој стадион за 2014/15 се уште Манчестер Јунајтед (114 милиони), Челзи (93,1 милиони), Баерн (89,8 милиони), ПСЖ (78 милиони), Ливерпул (75 милиони), Манчестер Сити (57 милиони) и Борусија Дортмунд (54,2 милиони евра).