05 Мај, 2024
0.0247

Ароганцијата на Гувернерот и кога нема аргументи

Објавено во: Економија, Колумни 04 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Откако ги „реши“ монетарните проблеми во државата, Гувернерот се зафати со праќање на политички пораки. Последната ја испрати од минатонеделната Годишна конференција на Македонската Берза, каде наместо да одговори на поставените прашања во јавноста, се обиде низ шега да го образложи исклучително проблематичниот дел од новата „Одлука за начинот на кој резидентите отвораат девизни сметки“. И сега кога едно вакво сериозно прашање, ќе се обидете да го истретирате „шеретски“, неможе да се оквалификува поинаку освен како ароганција, со оглед на позицијата од која се настапува и дрското збегнување на одговорот. Таквата ароганција не е од свест за надмоќ во знаењето (ако ја има надмоќта, нема потреба да се шегува, бидејќи ќе може да објасни), туку е  резултат на моќта на позицијата на која се наоѓа и  несигурноста во знаењето од една страна, и на потребата за самоодбрана од критиките по секоја цена  за да не си го наруши „имиџот“ пред  „газдите“ и јавноста. Имено, искористувајќи ја промоцијата на СЕЕ Линк платформата преку која инвеститорите ќе можат да тргуваат на Македонската, Бугарската и Хрватската берза, Гувернерот му честита на директорот на Македонската берза за одличниот потег во насока на поефикасен пазар на капитал. И наместо потоа  да продолжи со излагањето за ефикасноста на финансиските пазари, Богов му се обрати на Штериев: „имаш среќа што Сашо Ордановски сѐ уште не слушнал за тоа. Да знае дека отвораш врата за одлив на капитал, веднаш ќе ти прати протестанти пред Берзата. Како што ми се закани мене дека ќе ми прати пред Народната банка. Па, уште кога Телма ќе те праша, а зошто баш сега?“ Ова го „забибери“ со критика дека „некои сеат магла“, додека други работат на подобрување на состојбите во финансискиот сектор, очигледно вклучувајќи се и самиот  во другите. Меѓутоа, испуштената стрела како бумеранг му се враќа, бидејќи не ја погоди целта. Не докажа дека поставените прашања се неосновани. Напротив. Многу невешто Богов го бранеше и оправдуваше  проблематичниот дел од новата „Одлука за начинот на кој резидентите отвораат девизни сметки“, со која физичките лица со постојано место на живеење во Македонија, а кои истовремено имаат и важечка странска патна исправа имаат право да имаат сметка во странство. Факт е дека тоа право го имаа и во претходната одлука. Меѓутоа, поранешната одлука  сметката во странство можеше да се користи само за трансфер на средства од странство, а со новата може да се користи за трансфер на средства во странство и од странство. Значи ситуацијата е премногу сериозна за да биде „смешна“, за Богов да се мајтапи. Сакал тој да признае или не, но со последната промена на мала врата им дозволува на сите македонски „апаши“ кои поседуваат двојно државјанство без проблем да си отворат сметка во странство односно странска банка  и своите нелегално заработени пари да ги изнесат надвор од државата. Впрочем, добар дел од оние кои се подготвени да се доберат до нелегално стекнат капитал, нема зошто да презат и досега веќе под своите пазуви да не носат и втор пасош. Затоа ми е чудно, што е тука шегобијно за Гувернерот! А не објасни ниту која општествена потреба му изнуди промена и покрај очигледната разлика меѓу трансфер на средства од земјата во странство (одлив) и за трансфер на средства од странство во земјата (прилив). Бидејќи, дури и да е сто од сто сигурен дека одливот ќе биде беззначаен (а политичко безбедносната и економска состојба во земјата не упатуваат на тоа) промената го нарушува воспоставениот механизам на плаќања спрема странство и наплати од странство. Се руши економскиот критериум за отворање на сметка во странство на резидентите, а притоа се проблематизира намерата за  унапредување на ефикасноста на финансискиот пазар во земјата. Дополнително, со предложеното решение се привилегираат лицата со двојно државјанство, односно се  дискриминираат сите што имаат само македонска патна исправа. Ваквата ситуација дополнително отвора простор и праќа сигнал до граѓаните, дека во иднина повеќе од „домаќински “ ќе биде да си извадат уште еден пасош од некоја од странските држави. И така според НБРМ лица со два пасоши не подлежат на каков и да е девизен режим (процедури, докази, документи) при трансфер на парите од сметките од матичната кон сметките во странските држави и обратно. За разлика од нив, граѓаните кои поседуваат само македонски пасош или така наречените резиденти, се подложни на контрола по сите основи. Неубедливо е дека промената се врши заради поедноставување на постапката кај домашните банки при извршување на трансфери од и во странство. А воопшто не е одржлива аргументацијата дека лицата со двојно државјанство можат да отворат сметка во домашна банка и како резиденти (со домашна патна исправа) и како нерезиденти (со странска патна исправа). Ова е, всушност, крунскиот аргумент на Гувернерот и банката. Но, така е само на прв поглед. Логиката на заклучување е во ред, меѓутоа, заклучокот е во спротивност на правилото што е утврдено во т.11 од Одлуката: „Банката не смее на физичко лице коешто има статус на резидент и има отворено денарска и/или девизна сметка, во исто време, да му отвори и/или да води девизна и/или денарска сметка со статус на нерезидент.“ Ова,   не е случајно предвидено. Правата и обврските на резидентите и нерезидентите  се различни. И така треба да остане додека денарот не стане и фактички конвертибилен. Додуша, земјата има декларирано надворешна конвертибилност на денарот, меѓутоа, пробајте со денари да се упатите во било која странска земја. А зошто е тоа така, треба да одговори Гувернерот, само да не се шегува! Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години