АРГЕНТИНЦИТЕ ФРЛИЈА ХРВАТСКИ ДРЕС ВО КОРПА ЗА ЃУБРЕ! Скандал после утакмицата - фудбалер го снимал славењето, но ова сигурно не сакал
Објавено во: Свет, Спорт 14 Декември, 2022
Детал кој ќе крене голема прашина во наредните денови се случи по победата на Аргентина над Хрватска.
Аргентина во полуфиналето на Мундијалот убедливо ја совлада Хрватска (3:0), а детал од соблекувалната по мечот може да направи многу проблеми. Пауло Дибала на својот Тикток профил ги покажа деталите од прославата по триумфот, но во краткото видео може да се забележи и еден многу контроверзен момент.
Додека Аргентинците ја слават победата и пласманот во финалето, еден од нив го фрла дресот на хрватската репрезентација во корпа за отпадоци! Овој детал лесно се гледа на видеото, но тешко е да се каже за кого се работи. Лицето кое го фрли дресот на Хрватска е на другиот крај од собата и лицето не му е многу препознатливо.
Од друга страна, „Кути“ Ромеро, кој е соиграч на Перишиќ од Тотенхем, беше доволно присебен и реагираше во секунди. Бил до корпата за отпадоци, па го извадил дресот и го фрлил на другата страна, кон еден од соиграчите. Иако и тоа не е гест за восхит, тој е многу подобар од она што се случи само неколку секунди претходно. Погледнете ја целата случка одозгора.
Argentina pic.twitter.com/zfS5YdrrxE