28 Април, 2024
0.0169

АРГЕНТИНА ВО ДЕЛИРИУМ: Цела земја на нозе ги дочека кралевите на светското првенство

Објавено во: Спорт 20 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Фудбалската репрезентација на Аргентина утринава околу 6:40 часот по средноевропско време пристигна во Буенос Аирес, јавуваат локалните медиуми.

На авионот со кој фудбалерите пристигнаа во Аргентина имаше натпис „еден тим, една земја, еден сон“, а на задното крило беа слики од капитенот Лионел Меси и Анхел ди Марија.


Аргентинските власти го прогласија вторникот за државен празник за пречек на новите светски шампиони.


Локалните медиуми јавуваат дека репрезентативците прво ќе се одморат во тренинг центарот кој се наоѓа во близина на аеродромот, каде што дошле илјадници навивачи да ги чекаат.

На улиците на Буенос Аирес се очекуваат стотици илјади луѓе кои ќе ги поздрават новите светски шампиони.

Фудбалерите ќе бидат во отворен автобус, кој во победничката парада ќе помине низ главниот град на Аргентина, а прославата ќе се одржи во строгиот центар на Буенос Аирес.


Фудбалерите на Аргентина ја освоија третата титула на Мундијалот во неделата, откако по изведувањето на пенали ја совладаа Франција со 4:2, откако резултатот беше 3:3 по регуларното време и продолжението.


Можеби ќе ве интересира

ОДБОЈКАРКИТЕ НА РАБОТНИЧКИ ПОВТОРНО ШАМПИОНИ: Групацијата „Специјал Градба“ како горд спонзор на шампионките, им ја честиташе победата

ОДБОЈКАРКИТЕ НА РАБОТНИЧКИ ПОВТОРНО ШАМПИОНИ: Групацијата „Специјал Градба“ како горд спонзор на шампионките, им ја честиташе победата