Арбер Адеми вели дека Милошоски провоцирал и дека е под влијание на странски служби
Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2022 11:54
Пратеникот Арбер Адеми денеска изрази жалење по вчерашниот инцидент во Собранието, каде како претседателот на Комисијата за европски прашања, фрлаше предмети по пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците додека тие му вршеа притисок на говорницата.
Тој за „Слободен пачат“ изјавил дека не чувствува лична вина за инцидентот, но и дека не треба да се повторуваат вакви немили сцени во законодавниот дом.
Целата вина за инцидентот ја насочи кон Антонијо Милошоски и опозициските пратеници. Според Адеми, Милошоски под дејство на влијанија од странски служби ја загрозува проевропската иднина на Македонија.
Според Адеми, тој бил на работното место како претседавач на комисијата, а Милошоски и другите опозициски пратеници го исклучиле тонот на микрофонот и како што вели, го загрозиле неговото присуство на работното место.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




