Арбер Адеми: Член на „Левица“ го отстрани албанскиот јазик од сајтот на КИЦ
Објавено во: Македонија 19 Април, 2022 11:47
Координаторот на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, Арбр Адеми реагираше на отстранувањето на албанскиот јазик од вен-страницата на Културно-информативниот центар на Град Скопје по назначувањето на новиот директор, кадар на опозициската партија „Левица“.
Адеми обвинува дека коалицијата како што ја нарекува „Левица“ составена од ВМРО, Алијанса, Левица и Беса го прекршила Законот за употреба на јазиците и тоа се прави со цел да се поттикнат меѓуетнички тензии.
„Албанскиот јазик е официјален јазик во Северна Македонија во согласност со Охридскиот договор и Уставот на државата. Како би изгледала коалициската влада во Левица, составена од ВМРО, Алијансата, Левица и Беса, најдобро покажува незаконското отстранување на употребата на албанскиот јазик од Културно информативниот центар, институција во рамките на Град Скопје. Ваквиот чин на директорот на КИЦ коалицијата ВМРО, Алијанса, Левица и Беса предизвика бројни реакции бидејќи со оваа акција коалициските партнери на Алијансата за Албанците и Движењето Беса докажуваат политичка незрелост од една страна, а од друга го прекршуваат Законот“, рече Адеми.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




