Апостол Симовски не очекува бејби-бум за девет месеци: Фертилното население си заминува
Објавено во: Македонија 01 Април, 2020 07:00
Апостол Симовски, директорот на Заводот за статистика, не очекува рапидно зголемен наталитет за девет месеци во Македонија само поради тоа што населението во моментов седи дома поради корона-вирусот и има забрани за движење.
- Дај боже, тоа добро ќе ни дојде, но не очекувам бог знае каков пораст на наталитетот. Фертилното младо население мигрира во странство. Тоа пак што границите сега се затворени неме да ги спречи младите да се иселуваат, бидејќи повторно ќе се отворат и тоа нема да им ги расипе плановите, изјави првиот статистичар за „Фактор“.
Симовски вели дека статистиката за прв пат се соочува со актуелниот проблем и постојат технички ограничувања поради кои не може да се соберат потребните податоци за разните параметри од економските и социјалните сфери.
- Снимателите не одат на терен, бидејќи непријатно е да се зголемува бројката на луѓе на едно место, но исто така и треба да сме добро заштитени со потребните реквизити. Ако се затворат зелените пазари, ќе се помачиме за да ги дефинираме цените. Исто така, не работат голем број на дејности, како и нивните книговодства, односно се привремено затворени, и не можеме да направиме анкета. И кај домаќинствата е непријатно да се оди непосредно во оваа ситуација. Сепак првите податоци за март треба веќе да излегуваат од средината на овој месец, а и добро е што кварталните податоци секогаш се соопштуваат подоцна, вели тој.
Симовски вели дека е рано за обработката на податоците за март, но дека хартијата ќе трпи голем пад кај индикаторите на одредени дејности.
- Ние не сме аналитичари, туку го снимаме она како што е. Сепак, се очекува голем пад кај индустрискуто производство. Угостителството, што се вели, ќе биде „рамна нула“. Транспортот би требало добро да помине, бидејќи, како така, опстојува во март, очекува Симовски.
Пописот на населението е декларативно одложен за 2021 поради овогодишните предвремени парламентарни избори кои требаше да се одржат на 12 април. Симовски очекува да нема уште едно одложување на операцијата, иако во моментов не се знае кога ќе биде гласањето.
- Изборите ќе бидат оваа година, а ние се подготвуваме редовно. Но, најпрво треба да се формира Собранието и да се донесе Законот за попис, кој уште не е изгласан. Не очекувам отпор кај опозицијата, бидејќи нивниот аргумент беше дека попис во Европа ќе се прави во 2021, па истата година да биде и кај нас. Очекувам кај новиот собраниски состав законот да биде приоритетен, односно порано да се стави на дневен ред, наведе Симовски.
А.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





