АПЕЛ ДО ДЕБРАНИ: Ние сме на работа, вие седете дома
Објавено во: Македонија 14 Март, 2020
Д-р Арбен Аголи им порача на дебрани за време на кризната состојба прогласена поради повеќе заразени од коронавирусот во нивниот град, да седат дома.
Повика да не се фрлаат ракавиците и маските на земја.
,,Почитувани мои пријатели немојте да ги фрлате маските и ракавиците насекаде,фрлајте ги во кошевите за ѓубре така придонесувате да не се прошири заразата,благодарам“- порача тој.
За Дебар и Центар Жупа е прогласена кризна состојба.
Во текот на денот ќе има резултати и за тестирањата кои се прават.