Апасиев ја поднесе референдусмата иницијатива до ДИК: Ако Талат Џафери не спречи, ќе го блокираме Собранието
Објавено во: Македонија 28 Септември, 2022
„Левица“ денеска до Државната изборна комисија за поднесе граѓанската иницијатива за дополнителен референдум под прашањето „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022“.
„Сметаме дека народот мора да го има последниот збор за прашање од национален интерес. Очекуваме да немаме проблеми, бидејќи иницијативата е правно коретна напишана. До крајот на неделата очекуваме да бидат собрани потребните потписи во 30 општини“, рече претседателот на партијата Димитар Апасиев.
Пратеникот очекува за 90 дена, односно до крајот на календарската година да бидат собрани потребните 150.000 потписи. Следната недела очекува иницијативата да биде пуштена во собраниска процедура без да биде отфрлена од претседателот на Собранието, Талат џафери.
„Не очекуваме да биде отфрлена. Тој нема такви ингеренции, но доколку тоа се случи, целосно ќе го блокираме Собранието. Тој не е надлежен материјално да се впушта во оценка. Затоа не очекуваме посериозни проблеми“, изјави Апасиев.
„Левица“ досега нема разговарано со другите партии, но тој очекува поддршка од целиот антивладин блок.
„Од ЕУ ќе се очекува нова преговарачка рамка, без ванчомихајловистичките хегемонистички барања“, ги нагласи Апасиев своите очекувања од рефрендумот.
Можеби ќе ве интересира
КАКОВ ОКТОМВРИ ЌЕ ИМАМЕ? Еве што велат метеоролозите

„ДАЛИ МОЖЕШ ДА МЕ ПОГЛЕДНЕШ ВО ОЧИ И ДА НЕГИРАШ ДЕКА ОД МЕНЕ БАРАШЕ ДА ДОГОВОРИМЕ СРЕДБИ ЗА ИЗМЕНИ НА КРИВИЧЕН?“ Трајковски распали по Груевски

Ова е состојка која повеќето ја консумираат, но не знаат дека е „тивок убиец“

СЕЗОНСКИ ГРИП НЕМА, ВАКЦИНИТЕ СЕ ТУКА: Ковид има сè повеќе, но „паксловид“ нема
„ИЛИ ЌЕ СЕ ДРЖИМЕ ЗАЕДНО, ИЛИ ЌЕ ПОТОНЕМЕ ЗАЕДНО“: Пратеникот на СДСМ, Костовски, со апел до социјалдемократите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Осомничениот за убиството на жената во Кочани доби притвор, платформата за родова еднаквост бара одговорност за фемицидот

Осомничениот за убиството на жената во Кочани доби 30 дневен притвор

Обвинителен акт има против полицискиот инспектор за убиството на мигрантката од Сиера Леоне

Дали СДСМ ќе има заеднички претседателски кандидат со ДУИ?
