27 Јули, 2024
0.0260

АПАРТМАНИТЕ НА ЈАДРАН ПРЕСКАПИ И ЗА СЛОВЕНЦИТЕ: Што добивате за неверојатни 8.885 евра за еднонеделно летување?

Објавено во: Балкан 27 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Во пребарувачот за туристичко сместување Booking.com N1 Словенија прегледа пет хрватски места каде Словенците сакаат да летуваат: Макарска, Дубровник, Задар, Крк и Рабац. Проверувале колку чинат најевтините станови, што добиваат туристите во сместувањата со најдобар рејтинг и по која цена, а се интересирале и за цените на најдобро оценетите станови.

Макарска

Која е цената на еднонеделен одмор за четиричлено семејство во шпицот на сезоната од N1 Словенија, провериле на интернет пребарувачот за туристичко сместување Booking. Прво ја погледнаа Макарска и го избраа филтерот за „најевтино сместување“.

Најпрво им беа прикажани апартманите Банана, каде неделен престој на четиричлено семејство чини 448 евра. Станот има балкон, климатизиран е, има телевизор, а едно дете мора да спие на каучот бидејќи станот има еден брачен кревет и само еден кревет за едно лице. Оддалеченоста од првата плажа е 500 метри.

Најдобро оценето сместување по најдобра цена беше стан од 679 евра со добро опремена кујна, но има само една соба, па половина од семејството мора да спие на софа кревет.

И покрај повисоката цена во однос на првото сместување, апартманот е оддалечен километар и половина од првата плажа. Доколку платите 21 евро повеќе, одморот можете да го поминете во најдобро оценетиот апартман, кој е прв во понудата на Booking. Апартманите Марина се на 700 метри од првата плажа, но двајца мора да спијат и на каучот.

Крк

Најевтината опција според Booking се Апартмани Трамонтана. Од фотографиите е тешко да се процени каков е ентериерот бидејќи во нив нема кујна, трпезарија или бања. Еднонеделен одмор чини 448 евра, а до првата плажа ќе треба да возите или пешачите 1,4 километри. Оценката на Booking е инаку многу лоша.

Апартманите Зденка имаат најдобар однос на цена и рејтинг. За стан со балкон со поглед на планина ќе платите 630 евра, а во цената е вклучено и користењето на градината со скара. Станот има три спални соби и две купатила, ТВ и опремена кујна. Но сместувањето не е блиску до плажа, треба да се пешачи еден километар.

Најдобро оценети апартмани во Крк се апартманите во Печник. Ништо необично бидејќи се на 250 метри од плажата. Објектот има два единечни кревети и брачен кревет, простор за скара во градината, а најблиската продавница и ресторан се на само 100 метри. Цена? 789 евра.

Рабац

За најевтиното сместување во Рабац ќе платите речиси иста сума, поточно 773 евра. Толку чинат апартманите на Милица, имаат балкон, еден брачен кревет, па родителите или децата мора да спијат на софа кревет. Најблиската плажа е оддалечена помалку од еден километар.

Значително повеќе ќе платите доколку ги изберете апартманите Леонардо, еднонеделен одмор за четиричлено семејство таму чини 1.024 евра. Но, подалеку е од првата плажа - 1,8 километри.

Најдобро оценета е Вила Нина која со оглед на цената никому не е достапна. Неделно чини 3.150 евра, што и не е невообичаено доколку вилата се наоѓа веднаш до плажата, но и покрај високата цена, треба да пешачите 700 метри. Ако не сакате да пешачите, можете да пливате во базенот до вилата.

Дубровник

Сместувањето во Дубровник се очекува да биде уште поскапо бидејќи неделното најмување на најевтиниот стан, поточно апартманот Марин Томас чини 826 евра. За тие пари добивате климатизирано сместување со балкон, ТВ и опремена кујна. Првата плажа е на километар.

Добри 100 евра поскапо е сместувањето кое и покрај прилично старата опрема, Букинг го препорачува како сместување со најдобар сооднос на рејтинг и цена. Апартманот Љиља е на 2,5 километри од стариот град Дубровник, на помалку од половина километар од првата плажа.

Најдобро оценета е Вила Орабел, која се наоѓа на плажата Белви. Цена? Неверојатни 8.885 евра. Поевтин, но сепак скап е еднонеделен одмор во Old Town Apartments кој изнесува 3.150 евра. Строгиот центар е на само неколку чекори, а првата плажа е на половина километар.

Задар

А каква е состојбата во Задар? Најевтиниот стан што го препорачува Букинг е апартманот Марика и чини 595 евра. Во цената е вклучено користење на градината и скара, а еден член од семејството мора да спие на софа кревет. Друг голем недостаток е тоа што плажата е оддалечена 2,8 километри.

Ако го изберете апартмани Задар VII, ќе треба да пешачите 200 метри повеќе. Според Booking, ова е најдобро оценето сместување по најдобра цена, неделен одмор за четиричлено семејство чини 760 евра.

Луксузното сместување Shell Luxury Residences with Pool and Whirlpool има најдобра оцена. Токму џакузито и базенот ја зголемуваат цената на станот. За седум дена чини дури 4.152 евра, а плажата е оддалечена помалку од еден километар.

ФОТО: Vlado Sestan/Unsplash

Можеби ќе ве интересира

СТИГНА ПРВАТА ДОЛГОРОЧНА ПРОГНОЗА ЗА ЕСЕНТА 2024 - еве што нѐ чека после најтоплото лето во последните 100 години

СТИГНА ПРВАТА ДОЛГОРОЧНА ПРОГНОЗА ЗА ЕСЕНТА 2024 - еве што нѐ чека после најтоплото лето во последните 100 години

„ИМ БОДЕ ОЧИ“ – ПЛАТАТА НА ПЛЕНКОВИЌ МЕЃУ НАЈВИСОКИТЕ ВО ЕУ: Еве колку зема сега откако вчера си ја покачи за 70 отсто

„ИМ БОДЕ ОЧИ“ – ПЛАТАТА НА ПЛЕНКОВИЌ МЕЃУ НАЈВИСОКИТЕ ВО ЕУ: Еве колку зема сега откако вчера си ја покачи за 70 отсто

СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА ЈА ПОТРЕСЕ БУГАРИЈА: изгоре магацин со огномет во Елин Пелин, има повредени (ВИДЕО)

СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА ЈА ПОТРЕСЕ БУГАРИЈА: изгоре магацин со огномет во Елин Пелин, има повредени (ВИДЕО)

ЗАВРШИ ДРАМАТА НА ХРВАТСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ: „Оливер“ успешно вплови иако доцнеше со часови (ВИДЕО)

ЗАВРШИ ДРАМАТА НА ХРВАТСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ: „Оливер“ успешно вплови иако доцнеше со часови (ВИДЕО)

РАБОТЕЛ КАКО СЕЗОНСКИ РАБОТНИК ВО ЛУКСУЗЕН РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА: Му ја намалиле саатницата, бил сместен со 7 работници во една соба, еве го неговот искуство

РАБОТЕЛ КАКО СЕЗОНСКИ РАБОТНИК ВО ЛУКСУЗЕН РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА: Му ја намалиле саатницата, бил сместен со 7 работници во една соба, еве го неговот искуство

Американската банка Меркур ја вклучи Хрватска во „забранетите земји“, заедно со Северна Кореја, Авганистан, Куба и Иран

Американската банка Меркур ја вклучи Хрватска во „забранетите земји“, заедно со Северна Кореја, Авганистан, Куба и Иран

ХОРОР НА ЈАДРАНОТ, КАКО ЗАБАВА СЕ ПРЕТВОРИ ВО ДРАМА: Пропелер ѝ ја откинал ногата на жена, итно префрлена во болница

ХОРОР НА ЈАДРАНОТ, КАКО ЗАБАВА СЕ ПРЕТВОРИ ВО ДРАМА: Пропелер ѝ ја откинал ногата на жена, итно префрлена во болница

СИТЕ НЕДВИЖНОСТИ НА ТИТО: Една му била особено драга, еве што се случува со неговиот имот сега

СИТЕ НЕДВИЖНОСТИ НА ТИТО: Една му била особено драга, еве што се случува со неговиот имот сега

ШТО Е АКИРА – ОД 250 „ЖРТВИ“ ИЗВЛЕКЛЕ 42 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: „Ова е нивната тактика“

ШТО Е АКИРА – ОД 250 „ЖРТВИ“ ИЗВЛЕКЛЕ 42 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: „Ова е нивната тактика“