AНКСИОЗНОСТ И ДЕПРЕСИЈА: Дали тие ја „убиваат“ продуктивноста на еден работник?
Објавено во: Македонија 11 Април, 2024 07:13
Анксиозноста и депресијата се одразуваат негативно на продуктивноста на работниците кои страдаат од овие психички проблеми.
Наташа Бекирова, психолог и семеен терапевт во Психомедика - Онлајн платформа вели дека луѓето кои страдаат од анксиозно-депресивно растројство, се препознаваат на работното место по тоа што се повлечени, без енергија, потиштени, многу тажни и безнадежни, без иницијатива, без интерес за околината и случувањата, со намалена желба за интеракција, одбиваат да се дружат и да присуствуваат на било какви собиранки, имаат потешкотија да се сконцентрираат.

„Најчесто се борат со несоница, па преку ден и на работното место се многу уморни и немаат сила да дадат максимум во работата, тешко го одржуваат вниманието на одреден процес, конфузни се, раздразливи и нивото на толеранција на фрустрација им е на многу ниско ниво. Исто така и доживувањето на панични напади исклучително многу влијае на работоспособноста бидејќи и еден напад на паника, може целосно да го дефокусира лицето од реалноста, да го вознемири и таа вознемиреност да се провлекува преку целиот работен ден, како страв да не се случи повторно или да не се повторува и понатаму“, вели психологот.
Бекирова додава дека најважно од сè е лицето да успее да постигне свесност за состојбата и да побара помош, бидејќи навистина нивниот живот се претвара во „пекол на земјата” како што опишуваат. Тоа значи да се прифати идејата дека е неопходна помош од семејството, блиските, стручни лица... Медикаментозна терапија и посета на терапевт е најчесто неопходна во ситуации кога лицето се соочува со силни анксиозно - депресивни чувства.
„Депресивните чувства и паничните напади знаат да бидат многу непријатни, тешки, вознемирувачки. Лицето се чувствува постојано како во некаква реална опасност, со реални мисли дека навистина нешто многу страшно може да се случи. Постојано се со чувство на страв. Најчесто тоа се лица кои се оптеретени со мисли дека ќе доживеат срцев удар, дека ќе полудат, дека ќе умрат, чувствуваат тахикардија. Па затоа стануваат многу иритабилни, нерасположени, лесно избувнуваат, паничат и иако често се обидуваат да го скријат тоа, не успеваат и тоа станува видливо за околината“, додава Бекирова.
Лани на Светскиот ден на менталното здравје беше соопштено дека третина од адолесцентите во Македонија се борат со анксиозност и депресија. Според податоците од истражувањата на национално ниво, на Универзитететските клиника за психијатрија и УНИЦЕФ, во соработка со Универзитетската клиника за гинекологија во периодот за време и по пандемијата со Ковид-19, најризична категорија се младите и жените во периодот на бременоста и по породувањето. Според Светската здравствена организација(СЗО), депресијата е во подем во земјава и во светот.
Претходните години се говореше дека Македонците се „нација на антидепресиви“. Уште во 2010 година медиумите пишуваа дека населението на Балканот често посегнува по антидепресиви.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ДЕНОВИВЕ - температурите над просекот, еве ги деталите
„Едвај завршиле гимназија, а купиле факултетска диплома“: Најчевска со нова критика и прашање до јавноста на социјалните мрежи
Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?
Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето
„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите
Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии
Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“
Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец
Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин





