Анѓушев се пофали со максимален раст на индустриското производство, ќе пораснат и платите
Објавено во: Економија 31 Јули, 2018
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на прес-конференција изјави дека македонското стопанство го забележува максималниот раст во индустриското производство во поновата историја, откако Заводот за статистика вчера објави дека оваа гранка има напредок од 12,1 отсто во однос на истиот период лани.
Тој рече дека се работи за максимален индустриски раст кој бил забележан претходните години. Вкупниот индустриски раст, како што дополни Анѓушев, во првото полугодие годинава, споредбено со ланскиот период бележи пораст од пет проценти.
„Економијата се мери со бројки, не со политизирање. Растот се должи на успешните економски политики на Владата. Бројките ја покажуваат крвната слика на Македонија. Потребно е малку трпение од граѓаните за сите да го почувствуваат овој раст кој ќе се одрази и на раст на личните приходи““, рече вицепремиерот пред да ги соопшти бројките.
Порастот на бројките, Анѓушев вели дека ќе се отслика и во растот на животниот стандард на граѓаните.