09 Мај, 2024
0.0252

Анѓушев: Чагатај Кабло е добар пример за домашни и странски компании што сакаат да инвестираат во зоните

Објавено во: Економија 27 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања,  д-р Кочо Анѓушев присуствуваше и се обрати на свеченоста за поставување на камен темелник на инвестицијата на турската компанија Чагатај Кабло во ТИРЗ Скопје.

Анѓушев посочи дека компанијата Чагатај Кабло договорот за изградба на објектот го склучила во 2016 година, но не добиле субвенции од Владата бидејќи не успеале да го склучат договорот за поддршка со претходната влада.

„Владата не ги дели компаниите на домашни и на странски, тие сите за нас се македонски. Чагатај Кабло е добар пример за останатите домашни и странски компании што сакаат да инвестираат во зоните и да видат дека Владата ќе ги поддржи повеќе отколку што беа претходно поддржани, а ефектите за растот на економијата на Република Македонија ќе бидат значително поголеми“- вели  Анѓушев.

Со направените симулација, согласно новите предложени мерки од „Планот за економски раст“, Чагатај Кабло би можел да добие и повисоки средства, отколку што било предвидено со договорот со претходната власт. Доколку ги исполни основните критериуми, односно прикаже раст на приходите и ненамалување на бројот на вработени во три последователни години, Чагатај Кабло би можел да смета на поврат од 10% од инвестицијата, а дополнителни субвенции би добиле доколку би исплаќале повисоки плати за работниците, како што е предвидено со мерките од „Планот за економски раст“. Покрај тоа, со новите мерки субвенции би можела да добие и компанијата Ван Хол, бидејќи ќе користи производи, односно кабли, од Чагатај Кабло која, како што кажа Анѓушев, ќе се смета како македонска компанија.

Денес се постави камен темелник на објектот кој ќе се простира на 7.000 метри квадратни, инвестиција од 4 милиони евра на компанијата Чагатај Кабло, во кој според зборовите на сопственикот Амет Короглу ќе се вработат до 100 лица. Компанијата очекува да започне со производство веќе во март 2018 година, во наредните години инвестицијата би достигнала вкупно 6 милиони евра, а бројот на вработени до 300 лица. Оваа компанија 20 години произведува и има 35-годишно искуство во производство на кабли за автомобилската индустрија.

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?