20 Април, 2024
0.0334

АНГЕЛОВСКА ЗА ОДЛУКАТА НА УСТАВЕН: Сега ќе треба од друго место да ги најдеме тие 4 милиони евра

Објавено во: Финансии 29 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Сега ќе треба од друго место да се најдат, односно од буџетот да се пренаменат тие 4 милиони евра што беа заштедени на расходната страна со кратењето на функционерските плати, изјави првата финансиерка, Нина Ангеловска по вчерашната Одлука на Уставниот суд.

Таа смета дека уште на стартот, требало да бидат солидарно намалени сите плати на вработените во јавниот сектор.

Јас го кажав моето мислење како министер за финансии и како човек дека сите треба да понесеме солидарен дел од товарот. Тоа значи дека сметам дека треба и администрацијата да понесе дел од товарот кој го носи и приватниот сектор и вработените во приватните компании, а кои всушност го полнат буџетот“, рече Ангеловска.

За одлуката на Уставниот суд рече дека не би ја коментирала.

Јас не би ја коментирала конкретно Одлуката на Уставниот суд. Но, очекуваме дека сите ќе бидат солидарни, и никој нема да остане над некој и никој нема да остане недопрен во оваа криза. Многу е важно тоа да го покажеме и преку своите акции и дела. Јас пред еден месец соопштив дека додека трае кризата се откажувам од платата како еден мал гест дека во овој период сите треба да покажеме солидарност. Требаше околу 4 милиони евра да се заштедат со таа мерка. Сега таа Уредба се укинува, а практично се имплементирани тие 240 милиони денари со направена прераспределба, за што секако дека ќе треба да направиме дополнителна промена, прераспределба, доколку ова остане вака, односно доколку останат нескратени палтте на расходната страна“, рече министерката Ангеловска. 

Засега во поглед на падот на буџетските приходи Владата се уште останува на првото сценарио, кое е најблисо на ММФ, кон крајот на април ќе се види поконкретно. Засега приходите се движат во рамки на проекциите, кај одредени даноци дури има и подобра реализација од предвидената во првото сценарио. Дополнителни средства ќе има од акцизата. 

Процесот за издавање на еврообврзницата е започнат, а постапката тече. 

„Но, се работи за сензитивна информација во однос на точниот тајминг, ние го следиме пазарот и кога ќе бидат создадени најповолните услови, планираме да излеземе на пазарот со нејзиното издавање. Во меѓувреме се обезбедија пари, 176 милиони евра од ММФ, 160 милиони евра се во фаза на преговарање и обезбедување од ЕУ од инструментот за макрофинансиска помош, дополнително 50 милиони евра од СБ за поддршка на работодавачите, и дополнителните 90 милиони евра од СБ за справување на итните потреби на државите поради проблемите со корона кризата“, нагласи првата финансиерка. 

За заемот од 400 милиони евра што се планираше до издавање на еврообврзницата, таа објасни дека по направената анализа и проценети ризици, и следејќи ја ситуацијата на пазарите на капитал, МФ одлучи дека е оптимално да го почне процесот на издавање на еврообврзница, кој ќе трае околу 45 до 60 дена, и да одлучи кога ќе биде најдобриот тајминг за излегување на пазарот. Оценката е дека ова сценарио за нашата земја во овој период. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин