АНГЕЛОВ СЕ ЧУВСТВУВАЛ КАКО МАЈСТОР ШТО ПОПРАВА РАСИПАНИ РАБОТИ: Од него се очекува да ја застане ДЗС „на нозе“
Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2025 06:00
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов изјави дека очекува ДЗС и Центарот за управување со кризи да се обединат во една институција по локалните избори.
- Се чувствувам како „мајстор којшто поправа расипани работи“. Минатиот пат кога претходниот премиер ме прати во ЦУК ме прати да ја доведам институцијата во ред бидејќи беше пропадната и нефункционална во пресрет на ковид кризата. Сега премиерот ме праќа по наш претходен договор да ја кренам ДЗС која се наоѓа би рекол во хаотичн а состојба, рече Ангелов во Тема на денот на ТВ Сител.
Ангелов рече дека се надева дека ДЗС и ЦУК ќе се обединат и дека благодарение на силната поддршка на премиерот Христијан Мицкоски, тој процес би можел да се заокружи по локалните избори.
За состојбите во ДЗС рече дека е во исклучително тешка состојба, а меѓудругото и поради тоа што претходниот директор е во притвор поради трагедијата во Кочани, што придонело и онака лошата состојба да стане уште полоша.
-Во овој момент состојбата со Ер тракторите е исклучително комплицирана. Едниот Ер трактор го вративме од сервис. Останатите два би рекол се на сервис но заглавени поради финансиски потешкотии бидејќи Дирекцијата не може сама да ги сноси трошоците, кои ги надминуваат планираниот буџет но верувам дека со силна поддршка на прфемиерот и на Владата ова ќе биде надминато, рече Ангелов.
Кажа дека во тек се разговори со потенцијални пилоти бидејќи недостасуваат двајца пилоти. Веќе имал средба со еден пензиониран пилоти и оти верува дека ќе постигнат компромис и дека ќе помогнат и ова лето. Гледаме, рече Ангелов, и стратешки и долгорочно, размислуваме како да произведеме наши нови пилоти.
Можеби ќе ве интересира
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“
НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“
„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК
ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“




