Ангел Анѓушев на Бизнис форум во Тирана: На компаниите од регионот им треба државна поддршка за технолошки напредок и јавни набавки кои се транспарентни и конкурентни
Објавено во: Мои пари 01 Октомври, 2023 09:54
Оперативниот директор на Грин Машинс, ќерка фирма на велешки БРАКО, Ангел Анѓушев, на бизнис форумот кој се одржа во Тирана во рамките на Берлинскиот процес, порача дека државите од Западен Балкан очекуваат економска помош и поддршка од ЕУ, но нагласи и дека самите земји треба да вложат во зајакнување на сопствениот економски сектор.
„Сите ние, властите и стопанството, во секоја од земјите, треба да погледнеме прво во нашата сопствена земја, што можеме ние самите да направиме за себе пред да погледнеме што ЕУ би можела да ни помогне.

Компании во регионот, немаат добра средина за раст, немаат доволно буџетска поддршка за инвестирање во технолошки напредни производи и постои реален недостаток на транспарентни и конкурентни процедури за јавни набавки од државните и локалните институции. Да го дадеме приоритетот на локалниот развој и да создадеме погодна средина за раст токму овде во Западен Балкан“, потенцираше Анѓушев во своето излагање пред присутните министри за економија и финансии од регионот на Западен Балкан.
Во рамките на Берлинскиот процес,со кој оваа година претседава Република Албанија,Министерството за финансии и економија на земјата домаќин, заедно со Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (КИФ), беа домаќини на бизнис форумот кој се одржа во Тирана и ги претстави достигнувањата и предизвиците на патот на регионоткон единствениот пазар на ЕУ.
пр објаваМожеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




