08 Декември, 2025
0.0290

АНДРЕА ЈОСИФОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВНИОТ ОДБОР, КУПИ АКЦИИ ОД „МАКПЕТРОЛ“ - еве која е количината и колкава е нивната вредност

Објавено во: Економија 11 Април, 2024 10:05

Добивај вести на Viber

Транспарентните компании ја објавуваат речиси секоја промена во акционерскиот капитал со кој располагаат.

Особено е битно компанијата транспарентно да информира за тоа кога членови на нејзините управни и раководни структури купуваат акции. 

Нафтениот гигант „Макпетрол“ објави дека нејзиниот долгогодишен прв човек и претседател на Управниот одбор, Андреа јосифовски, купил 171 акција на компанијата.

Оваа информација оттаму ја споделија со инвеститорската јавност преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност. 

„Согласно член 34, став 1, алинеја 7 од Правилата за котација на Македонската Берза за хартии од вредност АД Скопје, известуваме дека Претседателот на Управниот одбор Г-дин. Андреја Јосифовски, се стекна со 171 обични акции од издавачот Макпетрол А.Д. - Скопје“, се вели во објавата на ова акционерско друштво. 

Кога членовите на одборите и менаџерите на една компанија купуваат акции од неа, тоа говори за нивна доверба во бизнисот и перспективите на таа компанија. 

Инаку, на берзата помина блок трансакција со оваа количина на акции на 5 април, односно 171 акција, па се претпоставува дека станува збор за таа трансакција, а тогаш цената на една акција беше платена по 67.000 денари за акција. 

Ако се извлече заклучок дека овие акции се купени на таа трансакција, значи дека за акциите се платени 11.457.000 денари или нешто повеќе од 186 илјади евра. 

На последниот ден на тргување цената на акцијата на „Макпетрол“ изнесуваше 68.002 денари, што би значело дека сега неговите акции чинат 189 илјади евра.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Макрон се закани со нови царини за Кина

Макрон се закани со нови царини за Кина

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Милијарди на хартија, но каде се парите?

Милијарди на хартија, но каде се парите?

Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени

Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени