Ананас и Иуте, ново партнерство и поглавје во развој на онлајн трговијата
Објавено во: Мои пари 20 Мај, 2025 09:37
Од денес Иуте му посакува официјално добредојде на Ананас - најново интегрираниот партнер и најголемата е-продавница во државата.
Ананас и Иуте заеднички ќе работат кон ширење на хоризонтите на македонската дигитална економија и креирање нови можности, како за бизнисите, така и за купувачите, во насока на едно сосема ново и унапредено онлајн корисничко искуство.
Соработката е пред сè резултат на делење на заедничка визија, мисија и вредностиза развој на е-трговијата, со имплементација на сите најнови трендови, иновации и технологии.
Ананас, уште од самиот почеток и лансирање пред неколку години донесе нови и свежи перспективи на онлајн пазарот. Од друга страна Иуте, како финтек лидер, петта година е пионер во иновации, особено со воведување на моделот “Купи сега плати подоцна”, со иста заложба за движење на економијата и индустријата кон сосема нови хоризонти.
И Иуте и Ананас веќе неколку години се партнери и поддржувачи на Асоцијацијата за електронска трговија на Македонија, давајќи активна поддршка и свежи перспективи за сите компании, кои имаат напредна визија и желба за бизнис трансформација во онлајн просторот.
Наскоро започнува онлајн спортската недела на Иуте со специјални попусти и промоции, на којашто за првпат ќе се вклучи и Ананас.
Заедно, го придвижуваме напред онлајн купувањето.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




